Во негов стил: Том Круз сам со хеликоптер пристигна на премиера! (ВИДЕО)
Господин!
Познатиот актер има пилотска дозвола веќе 28 години, а познато е и дека ги изведува сите акробации во неговите филмови и дека нема каскадер.
На хеликоптерот кој пристигна на премиерата пишувало Том Круз, Топ Ган: Маверик, а тој излезе од него облечен во костум и со авијатичарски очила.
Потоа позираше на црвениот тепих со колешките Џенифер Конели и Мајлс Телер.
Она што ги изненади обожавателите е неговото затегнато лице, а многумина заклучија дека тој не се променил многу од првиот Top Gun.
Да потсетиме, тој филм е снимен во 1986 година.