Зошто мора да бидете цело време во право? Еве совети за тоа како да го промените тој пристап

Дали сте се нашле многу пати во ситуација кога упорно тврдите и ги бранате своите ставови и не сакате да чуете апсолутно ништо што другите имаат да кажат? Понекогаш овој пристап е оправдан, сепак, многу пати не е.

Прифаќањето на туѓо мислење е знак дека знаете да размислите реално и дека прифаќате мислење различно од вашето. Експертката Џулија Галеф, автор на подкастот „Извиднички начин на размислување“, вели дека луѓето се организирани според одредени поставки и начини на размислување, па затоа секоја друга идеја или верување освен нивното, може да ги загрози. Затоа луѓето добро се согласуваат со оние кои имаат слични верувања, следат работи што ги интересираат и кон кои имаат пристрасност.

Препознајте кога пристрасноста ви го нарушува размислувањето – внимавајте на вашите чувства кога донесувате одлуки и не дозволувајте сето тоа да влијае на вас емотивно, односно дека сфаќате сè премногу лично или како личен напад врз вас.

Бидете поотворени – со мали чекори ќе станете самосвесни и ќе прифатите што мислат другите. Нападот не е секогаш најдобра опција, обидете се смирено и реално да ја разгледате целата ситуација.

Размислете за своите постапки – ако откриете дека некој друг е во право, обидете се да го признаете тоа на себе и на таа личност. Не е грешка да се извините и да признаете дека не сте биле во право. Ова е точно знак на личност која има отворен ум.

Прифатете различни перспективи – Џулија Галеф вели дека е важно да се вклучите во критики и дискусии, но исто така е важно да ги слушате луѓето со кои имате барем малку заедничко. Секогаш можете да најдете работи / ситници што ќе ја направат комуникацијата пријатна, без да влезете во непотребна дискусија.

Секогаш започнувајте со себе, прво со вашето размислување и однесување затоа што тоа е единственото нешто што можете да го промените. Треба време и треба да се работи, но на долг рок тоа дефинитивно се исплати.

Прочитајте и: Дали ви е потребна дигитална детоксикација?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.