Значењето на животот и зошто се плашиме од смртта: 97-годишниот филозоф се соочува со сопствената смрт

Филозофот Херберт Фингарет во 1996 година на своја 75-годишна возраст ја напиша книгата „Смрт: филозофски размисли“ во која прави филозофска анализа на третманот на смртта кај 13 други филозофи и писатели, меѓу кои ТолстојБертранд Расел и Конфучие, тврдејќи дека стравот од смртта е крајно ирационален и се должи на воспоставените метафори за неа како за разделба, длабок сон или крај на патот.

Откако ќе умреме, напишал тој, нема да има ништо. Тогаш зошто би се плашеле од отсуството на бидување, кога нема ни да бидеме „таму“ за да страдаме?

Но дваесет години подоцна, на 97 години, кога бил многу поблиску до крајот, Фингарет сфатил дека не бил во право. Смртта почнала да го ужаснува, и не можел да престане да размислува на оваа тема.

Филозофот, кој 40 години предавал на Универзитетот Калифорнија во Санта Барбара, и дел од својата кариера посветил на истражувањето на самоизмамата, почнал да се прашува – дали цело време се мамел себеси за смислата на животот и на смртта?

„Да се има 97“ е краток документарец на режисерот Ендрју Хас, внук на Фингарет, со кого тој бил многу близок како мал. Бидејќи живеел далеку, дедо му му испраќал по пошта касети на кој се снимал како раскажува приказни, за малиот да може да му го слуша гласот пред да заспие.

Фингарет почина во 2018 година.

Извор: taratur.com

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.