Северина Којиќ, Меган Маркл, Опра Винфри и Леди Гага имаат нешто заедничко (ФОТО)

Вредно околу 2.000 долари

Што имаат заедничко Меган Маркл, Опра Винфри, Леди Гага и Северина Којиќ освен тоа што се познати и успешни дами? Судејќи по изборот на чантата, би рекле дека сите четири се љубителки на луксузните кожени чанти на славната уругвајска дизајнерка Габриела Херст.

Имено, Херст е многу позната и „купувана“ во САД, но изгледа дека и хрватската пејачка ги обожава нејзините модели.

 

На фотографиите што Севе ги објави на својот инстаграм-профил, снимени во Монте Карло, ја гледаме во ретро-стил акцентиран од марамата што ја носи на главата. Сепак, в очи паѓа и нејзината кафена кожена чанта совршено искомбинирана со високите кафени чизми. А колку чини ова луксузно парче? Околу 2.000 американски долари. Дреболија, нели?

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.