Бред Пит и Џенифер Анистон: Дали вам ви изгледа дека на фотографиите „нема емоции“?! (ФОТО)

Ние не се согласуваме!

Поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон се фотографирани заедно за време на доделувањето на награди на американското здружение на филмски актери SAG (Screen Actors Guild) за животно достигнување, а поради нивните погледи и прегратки, повторно почнаа да се шират шпекулации дека меѓу нив и натаму постојат емоции.

Јасно како бел ден е дека Бред Пит и неговата поранешна сопруга уживаат во повторната средба полна со емоции зад сцената на доделувањето на награди во Лос Анџелес, а останатото беше уловено од објективите на фотоапаратите.

Камерите фатиле моменти кога тие меѓусебно си честитале за освоените награди, а потоа и како Анистон од срце се смее на неговите шеги.

 

View this post on Instagram

 

My friend @marnieperez snapped the moment of the night. Brad and Jen. #shipsinthenight #walkonby

A post shared by D A N W A K E F O R D (@danwakeford) on

Бред Пит, шегувајќи се на сметка на тоа што е сингл, исто како и Џенифер, рекол дека на својот тиндер-профил ќе објави слика со освоената награда.

Нешто подоцна, Бред Пит и Џенифер Анистон биле снимени додека си честитале еден на друг за наградите, нежно се допирале и си се насмевнувале, а Бред во еден момент ја фатил за рака кога таа се свртела кон него, покажувајќи им на тој начин на сите дека не сака таа да си оди од него.

Извор: espreso.mk

Фото: Instagram, Twitter, Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време