Злото и расипано срце ги покажува овие 5 карактеристики: Вака ќе ги препознаете лошите луѓе!

Разоткријте ги!

За жал, на светот ги има повеќе одошто би сакале…

Една од причините поради кои многу често не можеме да го забележиме злото и расипаното срце или психопатското однесување, веројатно е тоа што тешко ни е да поверуваме дека такви луѓе навистина постојат.

Не можеме да си замислиме дека е возможно некој да нè изневерува, мами или повредува без совест, да шири лаги и измислици за да уништи нечиј углед или да глуми нешто што не е, сè со цел за да им нанесе штета на другите (физичка, материјална, емотивна…). За жал, знаеме дека таквите луѓе постојат.

Следниве пет знаци покажуваат дека си имате работа со луѓе со расипано срце и ако препознаете некои од нив, најдобро би било да се држите на страна од таквите луѓе, а нивното поправање или психичко лекување сепак би требало да им го препуштите на стручните лица.

Луѓето со расипано срце се експерти за создавање забуни, хаос и караници

Тие:

  • ги извртуваат фактите
  • мамат
  • лажат
  • одбегнуваат преземање одговорност
  • ја негираат реалноста
  • измислуваат приказни
  • ги задржуваат информациите за себе
Луѓето со расипано срце се експерти за лажење на другите со својата слаткоречивост

Но ако ги погледнете плодовите на нивниот живот или ако се водите по нивните зборови, ќе видите дека тие луѓе никогаш не се менуваат и не вложуваат во својот раст и развој. Нивниот живот е илузија и тие душевно се хранат од страдањето на другите луѓе.

Луѓето со расипано срце секогаш сакаат да ги контролираат другите, а тие самите се сметаат за најголемиот авторитет

Ги отфрлаат повратните информации и конструктивните критики, самите ги создаваат правилата по кои живеат и не обрнуваат внимание на моралните норми.

Луѓето со расипано срце често играат на емпатијата на добродушните луѓе со цел да ги измамат

Тоа изгледа вака: бараат сомилост, но не ја даваат тие самите. Бараат топлина, прошка и интимност од личноста на која ѝ згрешиле без да покажат никаква емпатија за болката што ја предизвикале и без вистинска намера да се обидат да го поправат она што го направиле или да се обидат да ја вратат изгубената доверба.

Луѓето со расипано срце немаат совест и не знаат што е каење

Немаат намера ни да се обидат да се борат против својата злоба – напротив, уживаат во неа, и тоа под маската на благороден карактер.

9 особини на навистина злобните луѓе: Расипани до срж!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.