Ако ја забележите оваа промена на кожата, итно јавете се на лекар: Ова се знаците на некои од најопасните тумори!

Обрнете внимание

Доколку се воочи навреме, ракот на кожата може да се излечи

Првите симптоми лесно може да се занемарат, велат лекарите, а клучни се за успешно лекување.

Постојат два вида рак на кожа, а се разликуваат по местото на коешто се развиваат, поточно по тоа кои клетки од кожата ги зафаќаат. Во двата случаја, раното откривање е клучот за излекувањето.

Првиот сигнал дека вашата кожа ја нападнал канцер се кафеавите дамки, кои можат да стојат со месеци, па дури и со години додека дојде до поголеми компликации. Освен тоа, ситните рани што не зараснуваат во рок од 4 недели, задолжително треба да се проверат.

Сигнал за канцер на кожата може да бидат и израстоците во црвена или бледорозова боја или дамките што личат на младежи, кои ја менуваат бојата, дебелината или формата во текот на неколку месеци.

Доколку забележите некои од овие знаци, задолжително одете на лекар.

Ракот на кожа во најголема мера го предизвикуваат УВ-зраците што последниве неколку години се сè посилни. Употребата на крем со заштитен фактор е задолжителна во текот на целата година и тоа е основниот совет на лекарите како најефикасна мерка за превенција.

Со рано откривање, успешно се лекуваат 9 од 10 карциноми на кожата, бидејќи помала е шансата да се прошират и на другите делови од телото.

Овој вид на рак се лекува со отстранување на зафатениот дел од кожата или со примена на радиотерапија.

Откинавте бенка? Без паника! Тоа не мора да заврши со рак на кожата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.