За одржување социјална дистанца кога сте надвор, движете се со велосипед

Советуваат експертите

Во време на пандемијата со коронавирусот, кога од нас се бара да ја одржуваме нашата оддалеченост за да го забавиме ширењето на коронавирусот, велосипедите станаа идеален начин на транспорт.

Значи, мора да излезете, нема подобар избор од велосипедот, велат експертите.

Така никој нема да ви влезе во просторот од два метри“, вели биометричарот Герд Антес, математичар, кој се занимава со начинот на ширење на заразата. Секако, се штитите и себеси и другите.

Можам само да кажам – седнете на велосипед – вели Антес, кој возењето велосипед го смета за 100 отсто мобилна изолација.

Дополнителна корист е тоа што ќе го допирате само вашиот велосипед, а не копчињата, шипките и седиштата во автобусите што претходно ги допреле други луѓе.

Постои високо ниво на заштита и за себе и за другите затоа што природно мора да одржувате растојание додека возите – вели Антес, директор на центар во Универзитетската болница „Фрајбург“ во Германија.

Уште повеќе, ако возите велосипед, вие ќе придонесете за намалување на бројот на луѓето што користат јавен превоз, што и понатаму е најголемиот јавен масовен собир каде што ризикот од зараза е особено голем.

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.