Tим експерти на праг на револуционерно решение – Ова средство против паразити го убива коронавирусот

За 48 часа го уништува

Научниците открија дека средството против паразити, како што се вошките, го убива Ковид-19 во лабораторија за помалку од 48 часа.

Истражувањето кое што го предводело Универзитетот „Монаш“, покажало дека една доза од лекот ивермектин го спречува растот на SARS-SoVo2 вирусот во ширењето во внатрешноста на ќелиите.

Откривме дека дури една доза може во основа да го отстрани целиот генетки материјал на врусот за само 48 часа и дека за само 24 часа дојде до значајно намалување на присуството на вирусот“, објаснува докторката Кил Вагстаф од Институтот за откривање болести во биомедицината „Монаш“.

Сe уште не е познато како иверметинот делува на вирусот, но научниците веруваат дека ги пригушува способностите на ќелиите домаќини и така ги прочистува. Следниот чекот е да утврдат дали точната доза за човекот е таа за да бидат сигурни, а истиот да не му наштети на човекот.

Во време кога имаме глобална пандемја и не постои одобрено лечење, среќни сме кога знаеме дека имаме соединение кое што веќе е достапно ширум светот, а кое може брзо да им помогне на луѓето. Реално, ќе помине некое време додека вакцината не стане широко достапна“, додава докторката Вагстаф.

Научниците очекуваат тоа да биде најмалку за еден месец пред воведувањето на експериментот на луѓето.

Ивермектинот е лек против паразити, а исто така се покажал и ефикасен против коронавирусот, ХИВ, денга грозница и грип.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.