Во продажба е јулскиот број на „Руски доктор“

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели

Секој ден носи нова надеж. Надежта е она што нѐ турка напред, она што нѐ чува и бодри, особено сега, по неколкумесечен период во изолација и осаменост. Намалената активност и осаменоста во изолација оставија и психолошки и физички последици врз сите нас. Секојдневната закана по здравјето никого не остава рамнодушен. Но тоа што се случило, нека остане во минатото, како убав или помалку убав спомен.

Сега е најважно да се избориме со падот на енергијата. Во периодот што следува секој од нас може да внесе пред сѐ позитивна енергија во својот дом и да ѝ даде предност на добрината. Добрината е главна човечка особина. Трудете се, заради сопственото здравје, да ја манифестирате што е можно почесто – со своите зборови, постапки и мисли.

Внесете свежина во својот живот, движете се, шетајте низ природа, дишете чист воздух.Направете сѐза да ви биде животот полесен и поубав. И пред сѐ – поздрав. Како што велат, да се живее е добро, но уште подобро е да се живее добро!

Ваша Сузана Митревска

ЕВЕ ШТО ЌЕ ЧИТАТЕ ВО НОВИОТ БРОЈ:

6 Домашни препарати против болки во мускулите и во тетивите

7 Лето, сонце, меланом…

8 Егзема: како да се изборите со проблемот

14 Раска во окото

15 Што помага при губење на силата

16 Вода за пиење: ја правиме дома

18 Кигонг-терапија: регенерирајте ги телото и душата

21 Кревка доба

22 Дијагностика на болестите на мозокот

26 Домашни лековити препарати

31 Рускатаубавина не бледее

32 Лековити инфрацрвени зраци

34 Од каде потекнуваат детските стравови

36 Кога се „виновни“ гените…

38 Спанаќ за чисти крвни садови и силни мускули

40 Девет едноставни начини да ја зачувате фигурата

41 Горскиот чистач ја чисти кожата

42 Вкусни и здрави омлети

44 Што ни дарува шумата во јули

45 Наневоградината!

46 Тревки за здрава кожа

48 Енергијата на вашиот дом

50 Оникс – камен чувар

Фото: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.