Вистинската жена има целулит и вишок килограми: Кога таа ќе влезе во просторијата, слабичките паѓаат во втор план!

Го полудела светот

Таа успеала да ги помести модните граници и да го покори светот со својот став, енергија и убавина

Во морето девојки кои повеќе личат на пластични кукли одошто на живи битија, Луција е вистинско освежување. Таа е доказ дека и жената со вишок килограми може да изгледа прекрасно и да пука од самодоверба. Таа успеала да ги помести модните граници и да го покори светот со својот став, енергија и убавина. На сите им испраќа јасна порака дека вистинската жена не е совршена и дека тоа е сосема во ред!

Луција Лугомер е моделка со прекумерна тежина од Хрватска која успеала да се пробие и на светскиот пазар, а нејзините фотографии осамнале и во престижниот магазин „Вог“.

Веќе некое време официјално е дека облините се во мода, а сè почесто се ангажираат полнички манекенки во кампањи на топ брендови и тоа го потврдуваат и бројни инфлуенсерки.


Оваа девојка од Хрватска, благодарение на својот став и пораките што ги испраќа, го освоила срцето на голем број луѓе и станала вистинска ѕвезда на Инстаграм.

Таа деновиве е на Корнати во Далмација, од каде што ги поздравила следбениците на Инстаграм со фотографија во костим за капење. Судејќи по бројот на лајкови, таа слика би можела да го сруши рекордот на нејзиниот профил што го следат 145 илјади луѓе.

Полничката манекенка позирала во атрактивен модел на костим за капење, украсен со бели точки преку кој облекла лежерна бела кошула. На фотографијата јасно се гледа дека убавината не зависи само од витата става. Тоа го потврдуваат и коментарите:

„Прекрасна дама“, „Вау“, „Многу ви завидувам, сè ви стои убаво“, „Луција, многу си убава и згодна.“

Вистинската жена има целулит и вишок килограми: Овие дами целосно го променија модниот свет!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.