Најмеките и највкусните кифлички на светот: Нема да најдете подобар рецепт од овој!

Совршено тесто

Кифличките се омиленото печиво на нашето поднебје

Состојки:

За тестото:

  • 1,1 кг брашно
  • 500 мл млеко
  • 300 мл масло
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 50 г свеж квасец

За премачкување:

  • 1 јајце
  • 1 маргарин
  • сусам
Приготвување:
  • Во млако млеко се става квасец, прстофат сол и шеќер, па се остава да нарасне.
  • Во подлабок сад се соединува масло, јајца, шеќер, сол, а потоа се додава млекото со нараснатиот квасец.
  • Се замесува тесто со брашно и се остава 30-тина минути на топло место да нарасне.
  • Нараснатото тесто се дели на три дела. Секој дел посебно се расучува со сукало во круг со пречник од 45 см.
  • Со нож се сече на 12 еднакви делови или на 16 ако сакате помали кифлички.
  • Се топат 50 г од маргаринот и се премачкува секој триаголник со помош на четкичка, а потоа се завиткуваат кифлички.
  • Се редат на плех каде што претходно се ренда маргарин (околу 75 г) и се оставаат 30-тина минути на топло место.
  • Се премачкуваат кифличките со изматено јајце и се посипуваат со сусам.
  • По желба, на секоја кифличка може да се додаде по коцка маргарин и малку крупна сол.
  • Се печат кифличките во загреана рерна на 200 степени, 18-20 минути.
Домашен рецепт за вкусни кифлички – меки како пена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.