Вистинската жена има целулит и вишок килограми: Овие дами целосно го променија модниот свет!
Пример за сите
Тие се горди на своите облини и сигурни се во едно нешто – вистинската жена не е совршена!
Речиси секоја жена има проблем со целулитот, а во денешно време како да е срамота да се има некоја несовршеност на телото. Во ерата на фотошоп и социјални мрежи, се наметна правилото дека сите жени мора да изгледаат тип-топ, дека кожата мора да им биде блескава, лицето без брчки, а извајаните нозе и стомакот се подразбираат.
Во морето познати личности што потклекнаа на овој тренд и не се осмелуваат да објават фотографија без обработка, овие дами се меѓу ретките што гордо го покажуваат своето тело и испраќаат порака дека сосема е во ред да се биде несовршен и дека токму во тие мали несовршености лежи магијата на секоја жена.
Тие не се совршени, имаат целулит, вишок килограми и горди се на тоа. Овие жени направија вистинска револуција кога станува збор за модната индустрија.
Иако тоа место некогаш беше резервирано само за слабите девојки, тие успеаја да се најдат на насловните страници на водечки светски магазини.
Тара Лин
View this post on Instagram
Таа е многу популарно лице во светот на модата во последно време. Красеше многу насловни страници и вели дека е горда на своето тело.
Кејт Аптон
View this post on Instagram
Иако не спаѓа во моделите со прекумерна тежина, агенциите сметале дека не е ни доволно слаба, но таа сепак била одлучна и остварила голем успех во светот на модата. Таа е модел и актерка. Иако има само 28 години, се има појавено на повеќе од 100 насловни страници.
Ешли Греам
View this post on Instagram
Можеби најпознатата манекенка со прекумерна тежина е токму Ешли. Откако се појави, ја маѓепса публиката со својата убавина. Таа воопшто не се срами од своите раскошни облини и вели дека секоја жена би требало да се чувствува добро во својата кожа.
Надја
View this post on Instagram
Надја е блогерка, модна дизајнерка и моделка од Орландо на Флорида.
Дениз Бидот
View this post on Instagram
Таа е првата моделка со вишок килограми која прошета на модната писта на Модната недела во 2014 година.
Робин Лавли
View this post on Instagram
Имала 18 години кога се пријавила во агенција за модели со прекумерна тежина во Австралија, бидејќи сметала дека не се исплати да се труди да биде слаба по секоја цена.
„Попрво ќе имам неколку килограми вишок и ќе уживам во храната одошто да бидам слаба по секоја цена.“
Мајла Далбесио
View this post on Instagram
Таа е американска моделка, уметница и писателка.
Маргита Принг
View this post on Instagram
Станала заштитно лице на „Левис“ во 2011 година, а пред некое време се појавила и во италијанското издание на „Вог“.