Цел живот се борела со дебелината, а потоа ослабела 30 килограми благодарение на оваа едноставна диета!

Неверојатна трансформација

За 4 месеца успеала да ја доведе линијата до совршенство

Во најдебелата фаза имала 106 килограми. Кога едно утро собрала храброст и застанала на вага, цифрата што ја пишувало ја шокирала.

Адријана Марш (24) од Лондон деновите ги минувала во ресторани и консумирање калорични оброци. Само нејзиното предјадење знаело да достигне бројка од 2000 калории.

„По богатото предјадење следеше пица, пилешки хамбургер или некое јадење со тестенини, што повторно може да содржи од 1000 до 2000 калории, а сето тоа го појачував со коктели. Пет Пина колади имаат околу 870 калории, така што моите вечери знаеја да достигнат и да надминат 4.000 калории“, раскажува таа.

Во текот на денот јадела сендвичи и слатки и така цела 2017 и 2018 година, што довело до драстично качување на килограмите. Во јануари 2019, решила да му стави крај на тоа.

„Не се грижев премногу за тоа што сум дебела додека не можев повеќе да најдам убава облека што би ми одговарала. На крајот, ни за прославата на дипломската не можев да го облечам фустанот што го сакав, бидејќи го немаше во моја големина.“

https://www.instagram.com/p/CDLdTsvhTa_/?utm_source=ig_embed

Кога сфатила дека го мрази својот одраз во огледалото, знаела дека е време за радикална промена.

Одлучила да испроба здрав начин на слабеење, диета што нема да ѝ го наруши здравјето, но ќе ѝ помогне да ги регулира килограмите. Од тој ден јаде околу 1.500 калории на ден и успеала да ослаби 30 килограми.

Сега има 70 кг и гордо го покажува своето ново тело, поради кое повторно се чувствува добро во своја кожа.

„Во периодот кога почнав со диетата воопшто не верував во себе и многу се борев за да ја одржам мотивацијата. Првиот месец симнав 6,3 килограми“, вели таа.

https://www.instagram.com/p/CCWGgO9hvZT/?utm_source=ig_embed

Што јадела Андријана некогаш, а што јаде денес?

Исхраната некогаш:
  • Го прескокнувала појадокот.
  • Ручек: сендвич со кашкавал и шунка, кафе и диетален сок.
  • Грицки: шеќерни десерти и колачи.
  • Вечера: Полнети компири како предјадење, главно јадење тестенини или пица.
  • Вечера во ресторан: Полнети компири како предјадење и пица/ пилешки хамбургер и помфрит/ тестенини како главно јадење.
  • Пијалаци: Ѝ се случувало да испие и до пет коктели.
Вака изгледа нејзината исхрана денес:
  • Појадок: Кајгана и парче тост.
  • Ручек: Пилешко или мисиркино месо, интегрален леб и салата или риба, леб и салата.
  • Вечера: Овесна каша или кефир и лен.
  • Ужина: Салата

Напомена: Овошјето е забрането првите месец дена.

Јадете сѐ а килограмите се топат: Проверете зошто ротационата диета моментално е најпопуларна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.