Јадете сѐ а килограмите се топат: Проверете зошто ротационата диета моментално е најпопуларна!

Брзо до топ-форма

Со овој начин на исхрана ќе ви биде лесно да ја доведете фигурата до топ-форма

Ротационата диета ја смислил доктор Мартин Катан, кој гарантира дека многу брзо ќе изгубите килограми. Оваа диета не е напорна. Се состои од сите намирници со нагласок на овошје и зеленчук, а оброците се дефинирани врз основа на рамнотежа на немасни протеини, сложени јаглехидрати и влакна.

Диетата е особено примамлива, бидејќи секој месец имате на располагање една недела во која можете да јадете сѐ што ќе посакате.

За време на диетата се предлага секојдневна физичка активност најмалку 30 минути, за да го спречите враќањето на изгубените килограми.

По 3 недели, телото ќе се прилагоди на новото мени, па затоа добро е да направите пауза и да му дадете одмор на организмот за да не се сопре процесот на разградба на масни наслаги.

Во таа недела кога ќе јадете сѐ што ќе посакате, внимавајте да не внесувате повеќе од 2.000 калории.

Вака изгледа менито:

Прв ден

Појадок: половина грејпфрут, едно парче интегрален леб и едно парче сирење, напивка без калории

Ручек: парче лосос со големина на дланка од лименка во вода, неограничена количина на зеленчук, пет интегрални крекери, напивка без калории

Вечера: 90 г пилешко, една порција цвекло, едно јаболко, напивка без калории

Втор ден

Појадок: половина банана, 30 г житни снегулки со многу влакна, 240 мл варено млеко, напивка без калории

Ручек: грст посно свежо сирење, зеленчук, едно парче интегрален леб, напивка без калории

Вечера: рибни филети, по една порција брокули од околу 200 г и двојно помалку морков, половина грејпфрут, напивка без калории

Трет ден

Појадок: парче интегрален леб, една лажица путер од кикирики, јаболка, напивка без калории

Ручек: една помала туна во вода или три средни сардини, пет интегрални крекери, зеленчук, напивка без калории

Вечера: говедско филе, порција аспарагус, порција салата, парче сирење, еден портокал, напивка без калории

Четврти ден

Појадок: половина банана, 30 г интегрални житни снегулки, 240 мл варено млеко, напивка без калории

Ручек: салата од помала туна во водена саламура, зеленчук, две парчиња интегрален леб, лажиче мајонез или нискокалоричен прелив за салата, половина грејпфрут, напивка без калории

Вечера: 90 г пилешко, 100 г моркови, порција салата, парче сирење, јаболко, напивка без калории

Петти ден

Појадок: 200 г зрнесто овошје, една порција посно свежо сирење, пет интегрални крекери, напивка без калории

Ручек: три средни сардини или помала туна, зеленчук, две парчиња интегрален леб, една лажица мајонез или нискокалоричен прелив за салата, половина грејпфрут, напивка без калории

Вечера: говедско филе, по една порција грашок од 100 г и 200 г брокули, едно парче сирење, едно јаболко, напивка без калории

Шести ден

Појадок: половина диња, едно парче сирење, едно парче интегрален леб, напивка без калории

Ручек: едно тврдо варено јајце, зеленчук, две парчиња интегрален леб, едно лажиче мајонез или нискокалоричен прелив за салата, половина грејпфрут, напивка без калории

Вечера: печен рибен филет, по една порција аспарагус од 200 г и 100 г грашок, едно јаболко, напивка без калории

Седми ден

Појадок: половина банана, 30 г житни снегулки со многу влакна, 240 мл варено млеко, напивка без калории

Ручек: 200 г зрнесто овошје, една порција посно свежо сирење, две парчиња интегрален леб, напивка без калории

Вечера: 90 г месо, една порција моркови околу 100 г, едно јаболко, напивка без калории

Диета со лубеница со која може да симнете 5 кг за 5 дена – Без да гладувате до брзи резултати
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.