Ова се трите најсмирени хороскопски знаци: Научете од нив како да ги сочувате вашите нерви!

Ништо не може да ги извади од такт

Додека преостанатите девет знаци вријат од бес, тие се ладни како шприцер…

Ако некогаш сте се запрашале зошто при најмалата расправија губите нерви, додека вашите пријатели во знакот Водолија, Терезија и Бик се ладни како шприцер, не сте сами. Факт е дека хороскопските знаци поинаку реагираат на стресни ситуации и дека секој од нив е приказна за себе, кога станува збор за разлутувањето.

Меѓутоа, од овие три знаци навистина би можеле многу да научите и да се обидете и самите вие посмирено да реагирате во стресни ситуации…

Дозволете си себеси да размислите пред да реагирате

Без разлика дали станува збор за деца кои постојано прашуваат нешто, ви бараат или ви се спротивставуваат, или, пак, за колеги од работи кои ве затрупуваат со нивните обврски, обично кога реагирате импулсивно, таа реакција ќе ви се врати како бумеранг.

Водете се според промисленоста на Биков и не се согласувајте на сето она што ќе ви го побараат децата или колегите од работа. Вдишете и размислете три пати пред да се согласите на нешто.

Оддалечете се од ситуацијата за да ја видите пошироката слика

Кога ќе ве проголта лутина, секој најмал звук или случка во околината може да биде иритантен. Кога сме лути, имаме впечаток дека сѐ е свртено против нас и дека се наоѓаме во најлошиот дел зафатен со бура.

Водолиите се водат според паролата „широката слика“, односно го исфрлаат членот „јас“ од ситуацијата. Ставете се во чевлите на луѓето што ве опкружуваат. Обидете се да ја префрлите вашата стварност од учесник на сведок и ќе видите колку поинаку можете да ги решите работите. Сѐ што не ве допира лично вас, станува кристално појасно.

Размислувајте чекор по чекор

Секој човек кој по природа е покесплозивен, секој напад на гнев го доживува како огнено оружје кое треба да се употреби без оглед на колатералната штета. Терезиите не се однесуваат така. Тие ја користат логиката и одмереноста за да размислат за своите емоции. Наместо да се дозволат себеси да ги одведе лутината до крајната цел со врескање на сѐ околу себе, тие постепено го решаваат проблемот, чекор по чекор. Рационализацијата и забавувањето е всушност процес на сопирање на лутината.

Изневерувањето им е како добар ден: Овие 5 хороскопски знаци се најголемите прељубници!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.