Три најчести заблуди за кафето и слабеењето

Дел од тврдењата дека кафето помага за одржување вита става се научно потврдени

Деведесет отсто од жените го почнуваат денот со шолја кафе и притоа нема некоја што не слушнала дека кафето е сојузник во борбата со килограмите и целулитот.

Двете главни состојки на кафето – антиоксидантите и кофеинот- најчесто се поврзуваат со забрзување на метаболизмот и процесот на слабеење, намалување на целулитот и спречување на неговата појава. Дел од тврдењата дека кафето помага за одржување вита става се научно потврдени, но има и такви кои не се ништо повеќе од заблуди.

Еве ги најчестите заблуди поврзани со корисноста на кафето и кофеинот во борбата со вишокот килограми и цеулитот.

 Заблуда бр 1: Со пиење кафе се слабее. Зошто не е баш така? Кафето е најпознат липолитик. Ги разбива  маснотиите, кофеинот ги стимулира масните клетки да ги ослободат триглицеридите во циркулацијата. Меѓутоа, ако маснотијата не се согори за енергија во мускулите или другите органи, таа неизбежно ќе се апсорбира од друга масна клетка и пак ќе се наталожи.

Вистината е дека со соодветна исхрана, редовно вежбање и шолја одлично Doncafé пред кардио тренинг можете да ја доведете фигурата до совршенство. Кофеинот ќе ги ослободи мастите со разбивање на масните клетки, а со вежбање тие ќе се претворат во јаглерод диоксид и вода и ќе бидат исфрлени од телото со потта и урината.

Заблуда бр 2: Кофеинот создава целулит. Комплетно неточно, урбан мит кој нема никаква научна поткрепа. Митот се базира на идејата дека кафето предизвикува задржување на водата во организмот,  што воошто не е точно ако се знае дека кафето е всушност познат диуретик.

Вистинатата е дека задржувањето на водата и формирањето целулитни наслаги се резултат на седечкиот начин на живот, консумацијата на  алкохол, рафинирани шеќери, брза храна, газирани напитоци и сл.

Многу позагрижени за задржувањето на водата во организмот треба да бидат жените кои пушат цигари или пијат орална контрацепција отколку оние кои уживаат во совршена шолја Doncafé со пријателките пред јога.                                                     

Заблуда бр 3. Антицелулитните креми на база на кафе нанесени на кожата магично го отстрануваат целулитот. Нема магично стапче и ниту една крема не може да ги отстрани масните наслаги ако не сме подготвени за промена на секојдневните навики, а тоа значи во комбинација со антицелулитната крема,  да внимаваме на исхраната и да вежбаме.

Вистината е дека кремите против целулит на база на кафе или кофеин се ефикасни во намалување на целулитот на критичните делови како бутовите, стомакот и надлактиците.

Со кружна масажа на кожата на деловите каде се насобрал целулитот се постигнува втривање на активните состојки од антицелулитната крема и се зголемува поткожната циркулација која го носи кофеинот до наталожение масни клетки кои треба да ги разбие.

Со секојдневна употреба, се постигнува ефектот на затегната кожа и намалување на целулитот.

Бонус: Ако ве загрижуваат цените на антицелулитните креми секогаш имате опција да уживате во вкусот и мирисот на Doncafé, а талогот да го искористите за домашно приготвена паста против целулит.

Потребно:

  • Талог од неколку испиени шолји кафе
  • Маслиново масло
  • Проѕирна фолија

Талогот загрејте го во микробранова печка и измешајте го со маслиново масло за да добиете хомогена паста. Пастата нанесете ја на деловите од телото каде има видливо наталожен поткожен целулит. Додека нанесувате, масирајте со кружни движења за да ја поттикнете циркулацијата.

На крај, добро завиткајте ја областа со проѕирна фолија и оставете да делува 20-25 минути. На крај, исплакнете ја смесата со млака вода. Повторувајте повеќе пати неделно и бидете упорни за да видите резултати од кои ќе бидете задоволни.

Како и вкусот и богатата арома на кафето, така и антицелулитните ефекти зависат од тоа колку чисто кафе пиете. Со Doncafé сте сигурни дека уживате во  шолја 100% чиста мешавина на робуста и арабика без никакви сурогати и додатоци.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.