ПОЛЕСНА 20 КИЛОГРАМИ: Нина Бадриќ успеа да се ослободи од вишокот благодарение на ОВА

По стапките на Ноле

Убавата пејачка, која зачекори во шестата деценија, успеа да ги доведе во ред навиките, особено кога е исхраната во прашање.

Не е тајна дека поп-дивата Нина Бадриќ со години наназад се бори со килограмите. Иако нам ни изгледа тип-топ, што би се рекло, сепак пејачката не крие дека не била задоволна од својата става, па затоа одлучила да преземе нешто во врска со тоа.

Имено, таа откри дека со помош на специјална диета успеала да ослаби дури 20 килограми. Својата топ-форма ја должи на големата промена во исхраната – од менито исфрлила неколку производи во 2020 година, а Новак Ѓоковиќ ја инспирирал да стане вегетаријанка.

Откако се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми блескаат, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со сите претходни години, кога не размислував толку за храната што ја јадев. Долго ја следев диетата на Новак Ѓоковиќ и на многу мои блиски луѓе, кои вака се хранат со години, и навистина сè има смисла, изјави Нина, и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Мојата сила е двојно поголема. И духот и телото, исто така. Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и им препорачувам на сите да го подигнат имунитетот со здрава исхрана – и килограмите почнуваат да се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, но придобивките од таквите диети се навистина немерливи за нашето здравје и живот.

Нина откри дека го исфрлила месото и тоа и донело големи промени. Пејачката имала 83 килограми, успеала да ослаби 20, а сега има 63. Тврди дека има повеќе енергија и дека околината го забележува тоа.

Престанав да јадам месо и се случија големи промени во моето тело. Конечно сум задоволна од мојата тежина, но и многу подобро се чувствувам. Претходно, кога јадев парче месо, требаше да дремнам два часа бидејќи бев уморна. Сега сум енергична и среќна. Дури и масерката ми кажа дека тонот на кожата ми е подобар. Навистина сум среќна, објаснила пејачката, а пренесува scena.story.hr.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Веќе не пијам газирани пијалаци, а тестото го сведов на минимум. Понекогаш јадам тестенини или пита. Престанав да јадам и слатки. Но, кога навистина сакам да јадам чоколада, јадам две или три коцки, изјави Нина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.