Карлеуша ја искоментира снимката во која се навредува семејството Ѓоковиќ: „Извинете, фолирање левел…“ (ФОТО)

Интересно...

Популарната Јелена Карлеуша се огласила откако во јавноста се појави снимка од гостувањето на претседателот на Република Српска, Милорад Додик од една емисија, во која го навреди семејството на Новак Ѓоковиќ.

Имено, на социјалните мрежи се појави неформална снимка од разговор пред почеток на емисијата „Око“ на РТС, на која се гледа како Додик го навредува семејството Ѓоковиќ.

По повод на видеото се огласи и Додик, и кажа дека ќе „продолжи да го почитува и да го уважува успехот на неповторливиот Новак Ѓоковиќ и, како и досега, да го почитува и цени неговото семејство“.

Сега коментар на целата ситуација имаше и Јелена Карлеуша, која се огласи на Инстаграм…

Она што Додик го кажа за Ѓоковиќ, зар не го зборувате и вие со години? Извините, не ве препознав. Колку само се*ете, ве обожавам! Фолирање левел експлодира барометарот – напишала таа на Инстаграм и додала дека и таа за време на рекламите во емисиите, знаела да „пукне“ некаква глупост.

Луѓе мои, што се’ сум зборувала јас во емисиите за време на рекламите и за кого… Куку…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.