Заминала со момчето во Германија, а таму ги дочекал хорор: Роднините им ветиле помош, но им нашле ужасна работа за ситни пари

Исповед

Исповедта на Хрватката што отишла да работи во Германија ги шокирала корисниците на социјалната мрежа ТикТок

Не се сите воодушевени од животот во странство, особено оние што заминуваат за да заработат, а меѓу нив е и оваа Хрватка, која ја објавила својата исповед на ТикТок. Девојката открила дека таа и нејзиното момче не поминале онака како што очекувале.

„Сакав да споделам со вас како јас и моето момче дојдовме во Германија. Не зборував многу за ова инаку, но интересно ми е да го споделам со вас, можеби некој бил во слична ситуација“, вака таа ја почнува својата исповед.

Хрватката вели дека на нејзиното момче му била понудена работа во градежништво, што тој ја одбил бидејќи има завршено факултет и основни познавања од германскиот јазик.

@megizadro Story koji sam odlucila podijeliti s vama. Nisam inace bas pricala o ovome, ali zanimljivo je za podijeliti jer se mozda netko nalazi u slicnoj situaciji. Ako vas zanima Part II kliknite like 🤍 #njemacka🇩🇪 #njemackatiktok #germany #balkanciunjemackoj #storytime #cleantok #cleaningtiktok #ciscenje #berlin #balkanfyp #fyp #foryou ♬ Aesthetic – Tollan Kim

„Мене роднината ми понуди да работам како келнерка на црно во некој паб, за шест евра од час, иако минималната саатница е 10 евра од час. Келнер е супер работа, но не дојдов тука за да работам на црно во некоја дупка под минималец, каде што доаѓаат локални пијаници. По еден месец и двајцата најдовме работа и плаќавме пола од станарината, иако ни кажа дека не треба ништо да плаќаме. На крајот, зад грб ни зборуваше дека сме го навредиле со тој износ, бидејќи е премал. Тоа го дознавме по неколку месеци. Ништо не ни помагаше, беше ужасно неуреден. Навечер уринираше на балконот, на пример, што ужасно смрдеше“, открила таа.

Вистинскиот терор ги снашол кога дошла неговата ќерка на посета.

„Таа ни даде договор дека мораме да го плаќаме целиот износ на станарината, иако живеевме во соба од десет квадрати и ни даде рок од два дена за да му платиме на татко ѝ на рака или да го напуштиме станот“, раскажала девојката од Хрватска.

Што мислите вие за животот и работата во странство?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.