Старински појадок: Уштипци со јогурт, готови за 30 минути!

Ваше е да одберете со што ќе ги јадете

Мирисот на уштипци ќе ви ги разбуди сеќавањата од детството – за сите носталгичари, откриваме рецепт за брзи уштипци

Уштипците што не впиваат масло се најдобриот појадок на сите времиња!

Состојки:
  • 2 јајца
  • 250 мл јогурт
  • лажиче сол
  • прашок за печиво
  • 550 г брашно
Приготвување:

Изматете јајца со малку сол, додајте јогурт, па измешајте го сето тоа. Просејте го брашното со прашокот за печиво, па сето тоа убаво измешајте го.

Расучете го тестото, исечкајте го на коцки, па пржете го на средна температура. Уштипците ставајте ги на хартиена салвета за да се исцедат од вишокот масло.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.