BACK TO GYM со POLLEO SPORT

 Не заборавајте да побарате совет од експертите на Polleo Sport

Ако сакате да направите нова фитнес-рутина, септември е „месецот“ за да го направите тоа!

Кога одбирате здрав начин на живот влијаете врз начинот на кој се чувствувате, вашата психолошка состојба, и вашиот квалитет на живот.

Поставете солидна основа за да се вратите на тренинзите. Доколку продолжите со вежбање онаму каде што сте застанале, тоа е загарантиран рецепт за повреда!

За да обезбедите подобри резултати, важно е да разберете какви процеси се случуваат во вашето тело кога ќе одлучите да изгубите тежина, да ја зголемите мускулната маса, силата или едноставно да бидете во форма.

  1. ВЕЖБИ ЗА НОЗЕ НА ПОЧЕТОК НА ТРЕНИНГ

Вежбите за нозе на почетокот на тренингот го зголемуваат нивото на тестостерон и хормонот за раст. Важно е да правите сложени вежби на почетокот за да ги активирате и загреете мускулите и да ги подготвите за тежински тренинг.

  1. КОНСУМИРАЈТЕ ПОВЕЌЕ ПРОТЕИН

Протеините се важни за раст и обновување на мускулното ткиво, и исто така можат да ви помогнат да изгубите тежина и да го контролирате дневниот внес на калории.

  1. ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ВИТАМИН Д3

Покрај тоа што може да ја зголеми мускулната маса и сила, витаминот Д3 помага и во борбата против загуба на минерали во коските и остеопороза, може да го регулира нивото на шеќер во крвта и да помогне во борбата против депресија.

  1. КОРИСТЕТЕ СУПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ

Конзумирањето протеин, креатин и гликоза непосредно пред и после тренингот е едноставен, но ефикасен начин за зголемување на мускулната маса и сила.

  1. НЕ ИНГНОРИРАЈТЕ ГИ КАРДИО-ТРЕНИНЗИТЕ

Спортската наука и медицина покажува дека кардио тренингот, освен што го забрзува метаболизмот и помага во топење маснотии, може да го намали и апетитот.

 Не заборавајте да побарате совет од експертите на Polleo Sport.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.