На 15 години имал 320 кг и низа здравствени проблеми: За 6 месеци се преполовил, благодарение на ДВЕ работи

Трансформација

Тинејџерот Џејкоб Милер имал 320 килограми, но успеал да ги симне на посебен начин

Џејкоб Милер бил роден пред време, но и покрај тоа имал повеќе килограми одошто би требало, што веднаш укажало на потенцијалните проблеми со вишокот килограми.

Додека растел, Џејкоб на годишно ниво качувал по 45 килограми, а до својата 15. година успеал да достигне висина од 195 см и тежина од неверојатни 320 килограми.

Уште додека бил бебе, докторите утврдиле дека има проблем со хормоните, со оглед на тоа што неговата тежина кога имал 1 година изнесувала 23 килограми.

Со текот на времето се појавиле и други проблеми кои влијаеле врз неговата тежина, а покрај емотивните проблеми, боледувал и од дијабетес, имал нарушувања на срцето и црниот дроб. Исто така, се борел со целулит и со стрии, а сето тоа влијаело и врз неговата психа.

Килограмите значително му го отежнале нормалниот начин на живот на Џејков, а тоа било аларм дека итно треба да преземе нешто. Тоа и го направил. Побарал стручна помош од лекарите во детската болница во Синсинати за да си ја врати својата здравствена состојба во нормала што побрзо.

По многуте прегледи, лекарите направиле план за слабеење со одредени временски рокови. Џејкоб веднаш тргнал во битка, па со ригорозен режим на исхрана успеал да симне 35 килограми.

Со оглед на тоа што Џејкоб имал дури 320 килограми, не можел да ги симне сите исклучиво со корекција на исхраната, па направил и операција. Како и повеќето луѓе, а особено познатите личности, подлегнал на хируршко намалување на желудникот.

Оваа операција довела до забрзано губење килограми и по само 6 месеци забележале големи промени во изгледот.

Погледнете ја целата негова приказна во видеото во продолжение…

Имала речиси 400 кг, не можела ни да се избања сама: Кожата ѝ пукала, а потоа доживеала неверојатна трансформација!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.