Имала речиси 400 кг, не можела ни да се избања сама: Кожата ѝ пукала, а потоа доживеала неверојатна трансформација!

Неверојатно

Имала 376 килограми, и тоа на само 23 години, а потоа решила да ослаби и да го промени животот од корен

Амбер Рачди, која имала 376 килограми, станала популарна поради својата огромна тежина, а подоцна и поради трансформацијата што ја доживеала.

На само 23 години едвај се движела поради тежината, а вишокот килограми ја довеле и до многу здравствени проблеми.

Амбер не се чувствувала прифатена и убава, иако во периодот кога имала вишок килограми имала и дечко, кој ѝ бил голема поддршка и мотивација да ослаби. Сепак, нејзината желба за храна била посилна.

За неа и секојдневните работи, како што е туширањето, претставувале големо мачење. Имено, многу ѝ било тешко да се бања, бидејќи масните наслаги ѝ се преклопувале и не можела да стигне до сите делови на своето тело. Поради тоа, користела пластични четки. Симнувањето по скали било невозможно, бидејќи од дебелината не можела да си ги види стапалата, па се спуштала седејќи.

Нејзината кожа почнала да пука од преголемото развлекување, поради што ѝ се појавувале рани и красти и тогаш сфатила дека мора да промени нешто во својот живот.

Амбер се пријавила во емисијата „Мојот живот со 300 килограми“, каде што ѝ била ветена операција на желудникот, под услов прво да симне одреден број килограми.

Благодарение на операцијата успеала да продолжи кон целта, вежбала и ослабела дури 190 килограми. Со помош на стручен тим од лекари и нутриционисти, но и со сопствен труд, постигнала неверојатен резултат.

Кога животот ѝ се вратил во нормала, конечно можела да прави сè што претходно не можела, но во тој момент тогашниот дечко раскинал со неа. Сепак, таа не потклекнала ниту помислила да ѝ се врати на храната.

Денес, таа е успешна инфлуенсерка, која со своите совети им помага на другите да се ослободат од вишокот килограми и да живее поздраво, а еве како изгледа по слабеењето…

Неверојатна трансформација: Оваа девојка ослабела 55 килограми, а променила само една навика!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.