Том Хенкс се огласи по двонеделниот карантин: „Еј луѓе!“ (ФОТО)

Одлични вести!

Познатиот актер Том Хенкс, кој со својата сопруга Рита Вилсон помина две недели во карантин во Австралија откако беше потврдено дека и двајцата се позитивни на КОВИД-19, им се обрати на сите преку својот твитер-профил.

Тој истакна дека се чувствува подобро, а воедно и апелираше сите да останат во своите домови за да се спречи ширењето на заразата.

Еј, луѓе! Две недели по првите симптоми се чувствуваме многу подобро. Карантинот е место во кое се’ функционира вака: никому не му го пренесувате – и од никого не го преземате. Логично, нели? Ова ќе потрае некое време, но ако се грижиме едни за други, ако помагаме таму каде што можеме и ако се откажеме од одреден комфор… и ова ќе помине! Мора да го сфатиме тоа“, порача оскаровецот.

Фото: Твитер, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.