Сите вистински животи се убави и тешки: 10 мудрости на Иво Андриќ за сите времиња!

Цитати за животот, љубовта и мирот

Многумина го постигнуваат она што го сакале, а се губат себеси…

1. Од оној што прави добро, уште повеќе добра се очекуваат.

2. Љубовта, кога е искрена и длабока, лесно простува и заборава.

3. Мирот и спокојот се единствените добра и најголемото достоинство на скромните и анонимни луѓе.

4. Младоста е среќна доба во која човек почнува да верува во себе, а сè уште не престанал да им верува на другите.

5. Не може лесно да се побегне од своето потекло и детство.

6. Оној што не го изнесува нежниот цвет на својата душа на ветровите на искушението, па макар и да го спаси цел и да го пренесе до крај, тоа е исто како никогаш да не го ни имал.

7. Раната што се крие, бавно и тешко зараснува.

8. Човек никогаш не може да им се нагледа на ѕвезденото небо и на човечкото срце.

9. Животот ни го враќа само она што им го даваме на другите.

10. Сите вистински животи се убави и тешки.

11. Животната сила на еден човек се мери, меѓу другото, и според неговата способност да заборава.

12. Многумина го постигнуваат она што го сакале, но се губат себеси.

Ако ви е тешко во животот и ви се чини дека нема излез, прочитајте го ова: Мудри зборови што ќе ви дадат сила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.