Ако ви е тешко во животот и ви се чини дека нема излез, прочитајте го ова: Мудри зборови што ќе ви дадат сила!

Мудри мисли

Фото: Unsplash

„Мислете добро, па ќе биде добро“ – Иво Андриќ

Низ историјата многу значајни личности изговориле зборови што и ден денес се цитираат. Кога ќе ви биде тешко, внимателно прочитајте ги и во нив ќе најдете сила и мотивација да продолжите напред уште посилно.

  • „Никогаш не се откажувајте, бидејќи секогаш има време и место кога плимата ќе се промени“ – Хериет Бичер Стоу
  • „Јадицата секогаш нека ви биде фрлена. Во езерото во кое најмалку очекувате ќе се појават риби“ – Овидиј
  • „Сите ваши соништа можат да станат реалност, доколку имате храброст да ги следите.“ – Волт Дизни
  • „Подобро е да се борите и да ја изгубите битката отколку никогаш да не се изборите“ – Хегел
  • „Изгледа невозможно додека не се заврши“ – Нелсон Мандела
  • „Кога има волја, има и начин“ – Џорџ Бернард Шо
  • „Мисли добро, па добро и ќе биде“ – Иво Андриќ
  • „За утре оставете го само тоа што сте подготвени да го оставите недовршено кога ќе умрете“ – Пабло Пикасо
  • „Не се компромитирај себеси. Ти си сè што имаш“ – Џенис Џоплин
  • „Ако нема борба, нема да има ни напредок“ – Фредерик Даглас
  • „И покрај сè, и понатаму верувам дека луѓето се добри во душа“ – Ана Франк
  • „Никогаш не му пречи на непријателот додека прави грешка“ – Наполеон Бонапарта
  • „Сакај ги сите, верувај им на некои и не прави лошо никому“ – Вилијам Шекспир
  • „Успешниот војник е просечен човек со фокус како на ласер“ – Брус Ли
  • „Живеј како да ќе умреш утре. Учи како да ќе живееш засекогаш“ – Махатма Ганди
  • „Никогаш не постигнала ништо личноста која рекла дека нешто не може да биде направено“ – Елеонор Рузвелт
  • „Дејствувањето е основниот клуч за секој успех“ – Пабло Пикасо
  • „За да успееш, твојата желба за успех мора да биде поголема од твојот страв од неуспех“ – Бил Козби
  • „Ништо не е невозможно за оној што има волја да се обиде“ – Александар Македонски
  • „Сите ние сме во калиште, но некои од нас гледаат во ѕвездите“ – Оскар Вајлд
  • „За мојот успех заслужно е тоа што никогаш не сум имала ниту сум давала изговори“ – Флоренс Најтингејл
  • „Сè е достижно! Невозможното постои само кај лудаците“ – Наполеон Бонапарта
  • „Тргнете чекор по чекор. Не мора да го гледате целиот терен. Само направете го првиот чекор“ – Мартин Лутер Кинг.
12 цитати на Фрида Кало кои даваат сила: На крајот од денот, можеме да издржиме многу повеќе одошто мислиме!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.