Утре е Василица: За да не ве бие малер цела година, задолжително направете го ова!

Обичаи

Македонската православна црква утре го обележува празникот Свети Василие Велики, но и Стара Нова година

Во сите храмови на македонската православна црква утре, на првиот ден од Православната нова година, се слави Свети Василие Велики.

Според Светото писмо, Исус Христос ги презел гревовите на човечкиот род, а чинот на обрежување се смета за знак на прочистување од прародителскиот грев.

Според историјата и преданието на црквата, Свети Василие починал во 379 година, на 50-годишна возраст. Живеел во времето на цар Константин, кој ја официјализирал слободата на ширењето на христијанската вера.

Многу обичаи и обреди се поврзани со Василица, која се смета за крајот на божиќните празници.

Се верува дека на Василица не треба да се расправате, бидејќи во спротивно цела година ќе ве бие малер, додека во некои краишта се верува дека денес особено треба да внимавате некој да не ве измами.

Во некои краеви се верувало дека годината ќе биде плодна, ако на овој ден падне снег или биде облачно.

Во некои области сочуван е обичајот на спалување на остатокот од баднакот, а во многу наши краишта се меси празнична погача со паричка.

Дали знаете зошто се сече пита со паричка за Василица?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.