Секоја седма година во животот е година на големи промени: Еве како универзумот ни ја менува судбината!

Психологија на животот

Секоја седма година во нашиот живот се случува пресврт

Рудолф Стејнер, австриски филозоф, развил теорија за личен развоја која се темели на седумгодишни циклуси.

Сите ние минуваме низ големи промени на секои 7 години. Исто како што се менуваат годишните времиња, така и во животот се менуваат фази. Потребни се 70 години за да се затвори кругот, па така животниот пат можеме грубо да го поделиме на 10 делови.

Прв циклус: Од 0 до 7 години

Првите седум години од животот, детето е целосно насочено кон себе. Целиот свет се врти околу него, бидејќи целото негово семејство прави сѐ за да му угоди. Во текот на раната фаза, најистакнати се инстинктите за глад, потребата за љубов, заштита и поддршка. Ги усвојуваме основните знаења за тоа што е корисно, забавно или штетно. Во зависност од тоа какви одговори добиваме од другите, усвојуваме навики и реакции кои подоцна тешко се менуваат.

Од 7 до 14

По седмата година, детето престанува да се концентрира само на себе и има многу прашања за светот околу себе. Детето станува вистински мал филозоф или научник кој сака да знае како функционира сѐ на овој свет. Почнува да открива концепти и поврзаност помеѓу идеите и емоциите, а евидентни се и големи физички промени. Станува збор за влегување во нова зрелост. Навиките научени во првиот циклус сега стануваат дел од карактерот на детето кое расте.

Од 14 до 21

Стануваме посвесни за себе. Може да се каже дека развиваме самосвест. Распонот на емоционални интереси се шири во разни насоки, се јавува интерес за музика, уметност, книжевност и луѓе. Спротивниот пол и сексот стануваат сѐ поважни, се раѓа нов спектар на емоции. Тоа е и период на потрага по смислата во животот, по независност, реализација на некои избори. Ги тестираме општествените и личните ограничувања. Се раѓа и свест за сексуалноста. Со оглед на тоа што ова е бурен период од животот за повеќето од нас, веројатно ќе биде и период на интензивни и незаборавни искуства. Присутни се големи промени, од физички, емоционални и морални до когнитивни. Често минуваме и низ искуство на загуба. Светот на безгрижното детство избледува, а искуствата носат и први позначајни емоционални рани.

Од 21 до 28

До 21 година, ако сѐ поминало како што треба, мажите и жените го пренасочуваат вниманието и почнуваат да се интересираат и за други работи освен за љубов. Тогаш човекот влегува во возрасната доба. Стануваат амбициозни и тежнеат кон материјално богатство и успех. Стануваме свесни за проблемите што се јавуваат во односот со другите. Во овој период почнуваме да се соочуваме со проблемите и болката што сме ги преживеале во најраното детство.

Од 28 до 35

На 28 конечно сфаќаме дека не можеме да добиеме сѐ што сакаме, но затоа желбите ни се пореални, а погледот кон светот порационален. Сфаќаме дека постојат желби што не можат да се исполнат и затоа се фокусираме на она што е реално остварливо. Од друга страна, во овој животен циклус креативните процеси на умот се најактивни. Истражувачите и пронаоѓачите своите најголеми изуми ги остваруваат токму во овие години. Центрите во мозокот се на врвот од својата делотворност приближно околу 35 година од животот. Во овој животен период почнуваме да тежнееме кон удобност и стабилност, хармоничен живот, купување куќа, штедење пари и основање семејство.

Од 35 до 42

Се раѓа желба да го споделиме со другите сето тоа што досега сме го стекнале и научиле. Досега сме станале свесни за себе и за своите квалитети. Ништо повеќе не може да нѐ разниша. Повеќе си угодуваме себеси, а помалку на општеството. Стекнуваме вистинско разбирање за својата единственост и силно брзаме да се изразиме себеси пред да стане предоцна. Не се оптоваруваме со туѓото мислење и ова е вистинско време за уживање во сите работи што сме ги стекнале досега. Оваа фаза од животот е најмирна, но и најспокојна и исполнета со убави мигови.

Од 42 до 49

Ова е циклус на големи промени, како физички така и емоционални. Почнуваме да се менуваме, се јавуваат брчки, косата проседува. Го собираме досегашното животно искуство, создаваме нови идеали и се обидуваме да најдеме нова насока во животот. Во овој период често е присутен силен немир. Нѐ следи чувство дека сме дошле до средина на животот, по што следи пад. Менуваме партнери, животни насоки, приоритети, доживуваме и големи лични промени кои започнале во претходниот циклус.

Многумина го опишуваат овој период како втор пубертет. Чести се разводите и целосните промени на животот и навиките. Сите амбиции и неостварени желби што сме ги имале во текот на животот повторно стануваат актуелни и се трудиме да ги оствариме со сите сили.

Од 49 до 56

Падот на телесната снага и виталноста нѐ принудуваат на поголема интроспекција. Ова е време на духовно преиспитување и ревизија на нашите животни цели. Ако не сме сфатиле кои сме до оваа фаза и не сме ги оствариле нашите цели, тогаш депресијата, лошото расположение и внатрешните превирања ќе влијаат врз нашиот живот и нашите соништа.

Од 56 до 63

Во 56 година повторно се фокусираме само на себеси. Стануваме она што сме биле во детството, но овој пат со богато внатрешно знаење и искуство.

Од 70 па натаму

Сега имаме подлабоко прифаќање и разбирање за луѓето во нашиот живот. Ги согледуваме и прифаќаме разликите помеѓу нас и другите. Доаѓа до процес на раздвојување и разликување на вистинската суштина на животот од онаа што сме ја научиле или сме мислеле дека е суштина. Има сѐ помалку надворешни притисоци и полесно се достигнува новото ниво на зрелост.

Оваа навика на успешните и стабилни луѓе може да го промени вашиот живот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.