Психијатарите ја откриле тајната: Прочитајте ги луѓето како отворена книга за само 7 секунди!

Дознајте како!

За да прочитате некого, потребни ви се само неколку секунди

Не треба да се суди за книгата според корицата, но науката докажала дека токму тоа го правиме. Луѓето се склони да создадат впечаток за личноста во првите 7 секунди по запознавањето. Иако тој честопати е погрешен, се држиме до него прилично долго.

Што точно заклучуваме за толку кратко време?

Доверливост

Доволна е десетина од секунда за да процениме дали можеме да му веруваме некому. Едно истражување било спроведено меѓу студенти: една група имала 100 милисекунди за да ги процени привлечноста, агресијата, симпатичноста, доверливоста и уште некои други особини од лицата на актери, додека другата група не била временски ограничена. Размислувајќи за карактеристиките, на некои им требало повеќе, а на некои помалку време, освен кога станувало збор за доверливоста – и двете групи го процениле тоа за исто време.

Финансиска состојба

Вашиот статус може да го открие облеката што ја носите: истражувачите откриле дека луѓето кои носат брендирана облека (на пример Лакоста и Томи Хилфигер), се доживувани како побогати.

Сексуална ориентација

Дали сте знаеле дека доволна е само една секунда за да ја процениме туѓата сексуална ориентација, врз основа на гестови, погледи, мимики и начин на држење?

Интелигенција

Дали некој ќе ве доживее како интелигентна личност може да зависи и од вашиот начин на комуникација, односно од воспоставувањето поглед в очи за време на разговорот. Гледањето в очи за време на разговорот е многу важно. Остава впечаток на интелигентна личност, а најспособните меѓу нас знаат да го искористат тоа и да го претворат во своја предност.

Промискуитет

Едно истражување покажало дека Британците поинаку ги доживуваат жените со тетоважи: ги сметаат за помалку привлечни и попромискуитетни од жените чија кожа не е украсена со цртежи.

Доминантност

Иако многу мажи очајуваат поради загубата на коса, истражување од Универзитетот во Пенсилванија покажало дека немаат причина за грижа: ќелавите мажи се окарактеризирани како подоминантни од оние што имаат коса.

Авантуристички дух

Изгледот не е единственото нешто што луѓето го забележуваат – некои од впечатоците ги добиваат од начинот на кој се движите. Луѓето кои одат поопуштено ги доживуваме како поотворени и посклони на авантури.

Само ако ги поседувате овие способности и особини можете да се сметате себеси за зрела личност!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.