Само ако ги поседувате овие способности и особини можете да се сметате себеси за зрела личност!

Мудри зборови

Доколку се сметате себеси за зрела и реализирана личност, ова се особините што би требало да ги поседувате

Психолозите откриле кои способности би требало да ги поседува еден човек за да може да се смета себеси за зрела личност.

Според нив, најпрво треба да се појде од фактот дека не постои потполно зрела личност или личност која би била потполно интегрирана. Постојат само степени на зрелост кои, помалку или повеќе, се приближуваат до оваа замислена, идеална целина на личноста.

Накратко, ова се најважните критериуми во психологијата што ја одредуваат силата на човечкото „јас“, односно го покажуваат степенот на неговата зрелост, при што редоследот на овие критериуми не мора да го означува и нивното значење…

  • Способност да се сака некој друг, а не само самиот себе
  • Способност да се контролираат сопствените нагони и импулси
  • Способност за поднесување непријатности, болка и страдање
  • Поседување зрела, а не инфантилна совест
  • Умерена агресија без реагирање со гнев или омраза, но и без претерана плашливост
  • Способност да се биде независен

Според психолозите, секој од нас мора најпрво да одговори на прашањето „колку постигнал самиот и што направил со своите вродени и стекнати таленти“. Дури тогаш можеме да се свртиме кон општеството, бидејќи нема зрело општество без зрели поединци.

Златни совети: Секоја жена во 40-тите години треба да ги усвои овие 10 животни лекции!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.