11 ситници што точно покажуваат дека воопшто не се почитувате себеси!

Дали и вие се грижите само за она што го гледаат другите?

Мудрите луѓе одамна кажале: „Единствената личност со која сигурно ќе го поминете целиот живот сте вие“. И во право се.

Сами одбираме како ќе живееме – како среќен човек кој се грижи за себе и ужива или како човек чии желби и приоритети секогаш се на последно место.

Луѓето што се почитуваат себеси никогаш не ги прават овие 11 работи!

1. Јадете и пиете од уништен сад

Колку и да му е омилена, човекот што се почитува себеси ќе ја фрли во ѓубре шолјата која се скршила, нема да продолжи да пие од неа. Оние што продолжуваат да го прават тоа, потсвесно мислат дека не заслужиле добри работи во животот. Кога се задоволуваме со малку, не го добиваме она што вистински сме го заслужиле.

2. Не внимавате што јадете

Ако јадете сè што ќе ви се најде при рака, тоа значи дека воопшто не се грижите за себе. Не се работи за цената на производот. Дури и да немате големи приходи, ако се почитувате себеси, ќе се обидете да најдете баланс и да се храните квалитетно.

3. Премногу сте им достапни на другите

Оној што го цени своето време и себеси, нема веднаш да скокне да се јави на телефон или да одговори на пораката, ако моментално има друг приоритет. Истото важи и за деловните повици по работното време.

4. Купувате лоша облека

Човекот што се почитува себеси и се грижи за себе, никогаш не купува облека само поради цената или распродажбата, туку-така, за секој случај. Личноста што се цени себеси ќе си дозволи можеби помал број, но поквалитетни парчиња. Освен тоа, ова е всушност вистинскиот начин на заштеда. Со квалитетни парчиња, нема да ги купувате истите работи толку често, бидејќи подолго ќе траат, а притоа нема да фрлате пари на непотребни работи, кои никогаш нема ни да ги облечете.

5. Чувате стари работи што не ги носите повеќе

Честопати имаме проблем да ги фрлиме работите што ни се драги, но не ги носиме, бидејќи веќе се уништиле, избледеле, имаат дупчиња… Некои дури носат и стари, скинати хеланки под панталони во зима, бидејќи никој не може да ги види. Истото ваши и за скинатите чорапи под модерните чевли. И психолозите се согласуваат дека носењето ваква облека влијае врз самодовербата на човекот. Кога носиме убава и квалитетна облека, се чувствуваме поубаво и самодовербата ни расте. И не е важно дали сте на работа или дома пред телевизор.

6. Штедите на квалитетни обувки

Личноста што не се почитува себеси ќе купи евтини чевли кои ќе се распаднат по една сезона. Лошиот квалитет на обувките влијае и врз здравјето, бидејќи може да предизвика низа проблеми со зглобовите и коските, што не е случај со квалитетните обувки со анатомски влошки. Ако купите поскапи чевли, не значи дека сте расипници. Тоа значи дека се грижите за себе и за своето здравје.

7. Го игнорирате здравјето

Здравјето е бесценет подарок кој никој и ништо не може да го купи или надомести. Луѓето кои се ценат себеси, свесни се за ова и здравјето им е на прво место.

8. Не се грижите за забите

Состојбата на вашите заби открива многу работи за вас. Убавата насмевка е првото нешто што се забележува кај човекот и е знак за добро здравје и грижа за себе. Лошите заби со кариес, лошиот здив и слично, ги уништуваат сите напори да изгледаме привлечно. Затоа луѓето кои се сакаат и почитуваат себеси никогаш не ги пропуштаат стоматолошките прегледи.

9. Не водите сметка за постелнината

Во просек, секој човек поминува третина од животот во спиење. Квалитетот на сонот влијае врз тоа како ќе се чувствуваме во текот на денот, дали ќе бидеме продуктивни, но и здрави. Затоа и изборот на постелнина е многу важен. Ако одбирате вештачки материјали во кои ќе се потите цела вечер, не очекувајте квалитетен сон. Луѓето кои се грижат за себе, секогаш одбираат постелнина од убав, мек, природен материјал, поради кој сонот ќе им стане уште поубав и поквалитетен.

10. Не сте физички активни

Сите знаеме дека вежбањето е одлично за здравјето. Помага да одржиме здрава телесна тежина и да го снижиме ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар и дијабетес тип 2. Освен тоа, редовното вежбање има одлично влијание врз самодовербата. Научниците докажале дека луѓето кои немаат проблеми со самодовербата полесно решаваат редовно да вежбаат и имаат поголема мотивација.

11. Ги озборувате другите

Само луѓето кои не се почитуваат себеси можат да се чувствуваат добро додека зборуваат за некого зад негов грб. Најчесто станува збор само за скриена љубомора. Наместо да направат нешто со својот живот, луѓето со ниска самодоверба се обидуваат да ги оспорат туѓите успеси. Од друга страна, личноста што се почитува себеси, никогаш нема да го троши своето време и енергија на озборувања.

Тие немаат причина да се обидуваат да изгледаат подобро така што ќе ги понижуваат другите. Тие разбираат дека нивниот живот е само нивна одговорност и никогаш не обвинуваат некој друг за нивните проблеми и несреќи, а најмалку своите пријатели и познајници кои имаат поголема среќа.

Психолозите нè уверуваат дека овие „нормални“ однесувања што ги практикуваме, не се баш нормални
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.