Професор се обидел да објасни дека Бог не постои: Еден студент го замолчил со неговиот одговор!

Лошо и добро

Професорот мислел дека ги надмудрил студентите, но еден од нив сепак го знаел вистинскиот одговор

Професорот им го поставил следново прашање на студентите:

„Дали Бог создал сè што постои?“

Еден студент смело одговорил: „Да“.

„Дали сте сигурен, колега?“

„ДА“, повторил студентот.

„Ако Бог создал сè, тогаш го создал и злото. А според тоа дека нашите дела нè одредуваат нас самите, тогаш Бог е зол“, рекол професорот.

Студентот изгледал шокирано, па професорот гордо си седнал. Бил сигурен дека уште еднаш докажал дека вербата во Бог е само мит.

Друг студент кренал рака и рекол:

„Професоре, да ве прашам нешто: дали постои студ?“

„Секако, колега. Зар никогаш не ви било ладно?“, се насмеал професорот.

Додека останатите студенти се смееле, овој студент кажал:

„Всушност, господине, студ не постои. Според законите на физиката, она што ние го сметаме за студено, всушност е отсуство на топлина. Апсолутна нула е целосен недостиг на топлина. Сета материја станува интерна и не може да реагира на оваа температура. Не постои студ. Го создадовме овој збор за да опишеме како се чувствуваме кога нема топлина.“

Студентот продолжил:

„Професоре, постои ли мрак?“

„Секако дека постои.“

„Повторно грешите! Темнината исто така не постои. Мракот е само недостиг на светлина. Можеме да ја проучуваме светлината, но не и темнината. Можеме да ја користиме Њутновата призма за да ја разложиме белата светлина во повеќе бои и да ги проучуваме различните бранови должини на секоја боја. Не можете да ја измерите темнината. Едноставен зрак светлина може да падне во светот на темнината и да го осветли. Како можете да знаете колку е мрачен просторот? Така што ќе измерите колкава светлина би го осветлила. Зар не? Темнината е концепт со кој човекот опишува што се случува кога нема светлина.“

Потоа, младичот го прашал професорот: „Дали постои зло?“

Овој пат професорот се поколебал, па рекол:

„Секако, како што кажав. Го гледаме злото секој ден. Насилство меѓу луѓето ширум светот.“

На тоа студентот одговорил:

„Зло не постои, господине, или барем не постои поради самото тоа. Злото е едноставно отсуство на Бог. Тоа е како темнина и студ, збор што човекот го создал за да го опише отсуството на Бог. Бог не го создал злото. Злото не е вера или љубов, кои постојат како светлината и темнината. Злото е отсуство на божествената љубов во човечкото срце. Тоа е како студот што доаѓа кога нема топлина или како темнината која доаѓа кога нема светлина.“

Тој студент се викал Алберт Ајнштајн.

Приказна за црната и белата врана: Прочитајте ја оваа лекција за зависта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.