Приказна за црната и белата врана: Прочитајте ја оваа лекција за зависта!

Кога ве јаде она што не би смеело...

Научете како да престанете да им завидувате на другите луѓе

Обична црна врана влегува во ресторан и веднаш забележува бела врана, која седи во аголот.

Враната продолжува до шанкот, го вади паричникот и пркосно извикува:

„Келнер! Ги честам ручек сите во ресторанот, освен онаа бела врана!“

Келнерот ги зема парите и ги послужува сите, освен белата врана. Меѓутоа, наместо да ѝ стане непријатно, белата врана само ја погледнува обичната црна брана, ѝ се насмевнува и ѝ дофрла:

„Благодарам!“

Тоа уште повеќе ја разгневува црната врана и таа повторно го вади паричникот и извикува:

„Келнер! Овој пат ги честам сите со вино, освен белата врана!“

Келнерот ги зема парите и почнува сите да ги служи со вино, освен белата врана. Наместо да се налути, белата врана повторно гракнува: „Благодарам!“

Вриејќи од гнев, црната врана се наведнува на шанкот и прашува:

„Што ѝ е на онаа бела врана? Го честам со храна и пиење цел ресторан освен неа, а таа вели ‘благодарам’! Да не е луда?“

Келнерот се насмевнува и вели:

„Не, само е сопственичка на ресторанов.“

Наравоучение: Ослободете се од гневот, бидејќи само вам ќе ви нанесе болка!

Најдобрата приказна за бракот: Еве како лавот се однесува кон својата жена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.