Профемина 2018: Food is the new fashion

Храната во фокусот

Дали храната зазема исто толку голем простор на социјалните мрежи колку модата и убавината?

Денес може да се најдат секакви фотографии на социјалните мрежи: мода, селфиња, животни, шминка, природни пејзажи, објекти и секако – храна! Во последниот период, здравата и фенси храна е во фокусот на социјалните мрежи.

Оттука не може а да не се запрашаме: Дали храната зазема исто толку голем простор на социјалните мрежи колку модата и убавината?

Колку атрактивната амбалажа, но и хранливата вредност придонесуваат поединечни производи да го оформуваат животниот стил на консументите? Колку е важен изборот на квалитетни и проверени производи кои промовираат здрав животен стил и придонесуваат за баланс во организмот?

Сите овие прашања ќе бидат одговорени на петтиот панел на регионалната конференција Профемина, со наслов „Тренд: Food is the new fashion“, под покровителство на „Баланс Плус“.

Очекуваме интересна и информативна дискусија, за која ќе бидат задолжени Давор Панчевски, автор на „Dave’s Kitchen“, Моника Ангелковска, попозната како блогерката за храна Моника Потер, Филип Поповски, автор на „Мои рецепти“ и „Готвиме со Фичо“, Даниел Цуклев фотограф на храна и Полексена Јанкуловска, маркетинг-директорка на „БиМилк“.

Овој панел ќе започне во 15.30, а улогата на модератор ќе ја преземе Ване Маркоски.

Оваа година ставаме акцент на убавината, негата, здравјето и на сè што е од исклучителна важност за припадничките на понежниот пол.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Влезот е слободен, потребно е само да го потврдите вашето присуство на мејл адресата event@colormedia.com.mk, или на тел 02/2341405 најдоцна до четврток. Повикајте ги и пријателките, нашите партнери обезбедија голем број на изненадувања и подароци. Се гледаме на 30 ноември!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.