Годините се само бројка: Згодниот Италијанец станал модел на 53 години!

Несекојдневна приказна!

„Мојата приказна почна во едно кафуле во Белград, кога ми пријдоа фотографи и ми предложија да ме фотографираат утредента“

Непишано правило е дека жените и мажите почнуваат да се занимаваат со моделство во помладите години, пред полнолетство, но Марко Консоли е доказ дека правилата понекогаш се кршат.

Италијанецот Марко 30 години работел како финансиски менаџер, но на 53 години одлучил да се занимава со моделство. Неговото лице денес ги краси рекламите на престижни брендови и редовно присуствува на разни модни настани. Интересно е тоа што сосема случајно влегол во светот на модата.

https://www.instagram.com/p/Bg8-shaAfwt/?utm_source=ig_embed

„Мојата приказна започна во едно кафуле во Белград кога ми пријдоа фотографи и ми предложија да ме фотографираат утредента. Така, првото сликање го направив во Блеград, по што моите фотографии го заобиколија светот. Сфатив дека моето лице, лице на повозрасен господин, е многу функционално, па така и останав во овој свет.

Ги почитувам луѓето кои почнале кариера на модели многу млади, но само за една година успеав да постигнам огромен успех. За 18 месеци имав повеќе од 130 фотосесии“, открил Марко.

https://www.instagram.com/p/BgHJzgMg2Pi/?utm_source=ig_embed

Моделството го ослободило од канцелариското секојдневие и му го исполнил животот со постојани патувања и запознавање нови земји, култури и луѓе.

„Го видов целиот свет и токму тоа е убавото во оваа работа. Она што не ми се допаѓа во светот на модата е љубомората и зависта кои се често присутни“, објаснил Марко.

https://www.instagram.com/p/BU9Ikp3A9e0/?utm_source=ig_embed

Со поддршка на семејството и пријателите, тој успеал да ги совлада сите препреки. Марко има 36-годишна ќерка и 24-годишен син.

„Тие беа многу изненадени кога им кажав за мојата нова работа, но кога сфатија за што станува збор, станаа мојата најголема поддршка. Поддршка добивам и од пријателите“, навел Марко.

https://www.instagram.com/p/BVRk4lNghFF/?utm_source=ig_embed

Овој познат модел истакнал дека потребни се многу откажувања за да се успее во модниот свет.

„Сите мислат дека е лесно да направиш две фотографии за да постигнеш успех, но многу поинаку е. Модниот свет, особено оној во Италија, е многу професионален и за успех неопходни се големи жртви и откажувања. Во сето тоа ми помогна моето искуство што го стекнав работејќи како менаџер“, открил тој.

https://www.instagram.com/p/BY_S75NAFID/?utm_source=ig_embed

За опстанок во неговата работа неопходен е и добриот физички изглед, кој честопати е пресудниот параметар за добивање ангажмани. Тајната на тоа е здравиот начин на живот.

„Секако дека ми помогна генетиката, но секогаш сум одел во вежбалница и сум се грижел за изгледот, сум се хранел правилно и сум држел диети. Веќе со години, секој ден се будам во шест наутро и вежбам 50 минути пред појадок. Тука се и кремовите што ги користам наутро и навечер, а мислам дека сите треба да ги користат“, открил Марко.

https://www.instagram.com/p/Bawk5bLngpD/?utm_source=ig_embed

Покрај моделството, има и актерски ангажмани, а во иднина би сакал да работи и на двете полиња. Не крие дека му годи популарноста и ја користи на најдобриот можен начин.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.