Приказна што ќе ве разнежи: 78 години се најдобри пријателки, ниту старечкиот дом не успеал да ги раздели!

Пријателството нема цена

Тие се доказ дека долгогодишните пријатели навистина се драгоцени

Кога во далечната 1941 година, две 11-годишни девојчиња се запознале и седнале во иста училишна клупа, Олива Вудворд и Катлин од Велика Британија не ни сонувале дека ќе станат пријателки за цел живот.

Имено, во основно училиште во англискиот град Нотингем, си делеле тетратки, книги и насмевки, а кога пораснале, со децении живееле на иста улица. Сопрузите, пак, им работеле во иста фирма. Катлин, за жал, го изгубила сопругот во сообраќајна несреќа во 1989 година и оттогаш не се омажила повторно и нема деца.

Олива во бракот со сопругот Рој добила две ќерки, станала баба на пет внучиња, а може да се пофали и со фактот дека четири правнучиња.

Се’ се сменило кога Катлин отишла во старечки дом. Иако има големо семејство, Олива многу страдала по својата најдобра пријателки, па одлучила да се пресели во истиот дом за да биде покрај неа.

Во едно интервју открила дека многу и’ паднало тешко кога Катлин отишла во старечки дом и дека многу и’ недостасувала. Поради тоа, често ја посетувала, а секоја сабота доаѓала на договорениот ручек.

Неодамна одлучила и самата таа да се пресели во истиот дом. Успеала дури и да добие соба во истиот ходник, па двете пријателки повторно се сосетки.

Како што велат, тајната на нивното долготрајно пријателство лежи во тоа што одбегнуваат караници и непотребни расправии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.