Тајната на совршено крцкава пржена сланина: Задолжително следете ги сите чекори и прсти ќе излижете!

Крцкава, а сочна

Прочитајте како правилно да испржите сланина

Кој не сака вкусна и крцкава сланина за појадок? Но многу луѓе грешат во начинот на нејзиното приготвување, па не им излегува како што посакувале.

Совршена сланина за појадок ќе добиете ако внимавате и на текстурата и на вкусот, а можете да ја приготвите на шпорет, во микробранова или во рерна.

  • Ако пржите сланина за едно или две лица, земете едно-две парчиња во месара или во маркет. Големите пакувања што нема да ги потрошите само ќе се исушат.
  • За месото и маснотиите во сланините да се испржат рамномерно, мора да бидат на иста температура.
  • Оставете ги парчињата сланина на собна температура 15 минути, бидејќи така подоцна порамномерно ќе се испржат.
  • Никако немојте да натрупувате сланина во тавче, туку редете ги парчињата едно до друго. На сланината и’ треба простор за да се испржи убаво и рамномерно.
  • Пржењето на сланината на превисока температура од самиот почеток може да доведе до тоа да ја препечете.
  • Немојте да ја фрлате маста од сланината, бидејќи е идеална за пржење компири, како додаток во супи или за правење пченкарен леб.
  • Најдоброто тавче за сланина е од лиено железо.
  • Еден слој сланина ставете во ладно тавче, па пржете го на средно низок оган. Така ќе извадите многу маснотии од сланината, а за тоа треба време.
  • Повремено превртувајте ја сланината и оставете ја рамномерно да се пржи.
  • Со оглед на тоа што повеќето тавчиња не загреваат рамномерно, преместете ја сланината на другиот дел од тавчето откако ќе ја превртите.
  • Кога ќе биде готова, префрлете ја на чинија обложена со салвета за да се впијат вишокот маснотии.
  • Сипете ја маста од тавчето во некој сад, најдобро лонче за целосно да се олади.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.