Познат психолог составил список: 15 работи што ни ја црпат животната енергија и 15 работи што ни даваат сила!
Жива вистина!
Се согласувате со овој список?
Познатиот психолог Михаил Лабковски опишал 29 ситуации во кои губиме или добиваме енергија…
Губиме сила кога:
- Велиме „да“, а сакаме да кажеме „не“
- Се насмевнуваме, наместо да плачеме
- Не се одмораме
- Се принудуваме себеси да издржиме уште малку, наместо да се запрашаме „зошто го толерирам ова?“
- Се навредуваме, наместо да кажеме што ни пречи
- Не си ја гледаме својата работа
- Некој човек не ни е интересен, но од некои замислени причини продолжуваме да комуницираме со него
- Поминуваме време со луѓе кои на сите работи гледаат негативно
- Постојано зборуваме за политика, сметки, метеж во сообраќај и слично.
- Озборуваме
- Често и со многу емоции зборуваме за тоа како живеат другите
- Работиме неинтересна, здодевна работа
- Се плашиме
- Чекаме некој да дојде и да ни го промени животот (Дедо Мраз, принцот на бел коњ, Рокфелер)
- Се критикуваме себеси, сметајќи се за безвредни, неспособни, несреќни.
Добиваме сила кога:
- Запознаваме нови луѓе
- Стекнуваме нови знаења
- Патуваме
- Ги надминуваме своите стравови
- Пробуваме нешто ново
- Шетаме (тука не спаѓаат одењата на работа или во продавница, туку шетањето без цел и заради уживање)
- Се занимаваме со креирање
- Се дружиме со пријатни луѓе
- Поминуваме време со луѓето кои нè поддржуваат и веруваат во нас
- Се грижиме за своето тело (со која било физичка активност, сауна, базен)
- Го расчистуваме физичкиот простор (сетете се како се чувствувате поинаку во преуредена соба)
- Го расчистуваме емоционалниот простор (сетете се како сте се почувствувале поинаку кога сте успеале да му простите некому и да му кажете збогум)
- Кажуваме „не“ кога сакаме да кажеме „не“ и кажуваме „да“ кога сакаме да кажеме „да“
- Почнуваме да го правиме она што го сакаме.