Како да ги претворите желбите во реалност и да привлечете позитивна енергија: Моќна вежба на најпознатиот руски психолог

Вреди да се проба

Фото: Pexels

Секој е кројач на својата среќа – со оваа вежба лесно ќе го промените текот на мислите и ќе успеете да остварите сѐ што сте наумиле

Психологот Јулија Иванова открива пет основни чекори што ќе ви помогнат да го промените вашиот начин на размислување и да најдете среќа. Таа тврди дека сѐ може да се постигне и оствари во животот доколку умеете да ги контролирате своите мисли и да ги програмирате така што ќе ја наоѓате позитивната страна на сите работи.

Методот што таа го креирала ќе ви помогне да го промените животот од корен и да остварите сѐ што сте замислиле. Ако ги следите овие чекори, среќата ќе тропне на вашата врата…

Забележете ги негативните мисли

Пред сѐ, мора да научите да ги забележувате и да бидете свесни за своите мисли. За да го постигнете тоа, можете да водите дневник на вашите мисли. Колку и да звучи безначајно, овој чекор има големо значење. На тој начин ќе сфатите кои се опсесивните негативни мисли што ви се повторуваат и ви го попречуваат патот кон среќата.

Именувајте ги своите негативни мисли

Ваша задача е да откриете која шема на размислување е штетна и го попречува вашиот живот. По некое време ќе забележите дека некои мисли се повторуваат и ве принудуваат да се чувствувате лошо. Штом го откриете таквиот модел на размислување, именувајте го. Ова е многу важно, бидејќи ќе можете да се ослободите од негативните мисли само откако им дадете некое име и јасно ги спознаете.

Сопрете ги

Во тој момент, кога негативните и штетни мисли се формираат, ние добиваме вистинска моќ над нив. Имено, можеме да ги сопреме така што ќе си кажеме: „Знам дека овие мисли се штетни и дека се дел од моите стравови, а не оправдани аргументи што ме кочат на патот кон успехот.“ Можете дури и да ги материјализирате тие мисли и да замислите како ги кинете како парче хартија. Целиот процес е многу едноставен: Забележете ги, именувајте ги и отстранете ги.

Заменете ги со позитивни мисли

Кога ќе ги поминете овие 3 чекори, следниот е да им отстапите место на позитивните мисли. Овој метод навистина дејствува, бидејќи факт е дека само ние сме одговорно за она што го мислиме и никој друг.

За да ги отстраните негативните мисли, ќе ви треба време и трпение, но успехот е загарантиран. Најважно е да имате подготвени позитивни мисли, кои ќе ги заменат непожелните „станари“. Така нема ни да имаат каде да се вратат.

Негувајте ги новите позитивни мисли

Отсега вие одлучувате за што и на кој начин ќе размислувате. На пример, сонувате за тоа да ја најдете вашата сродна душа и лудо да се вљубите. Наместо да одолговлекувате со размислување за тоа колку сте несреќни, осамени и дека сте пропуштиле сѐ во животот, замислете си патување со саканата личност.

Морате да го смирите својот ум, па дури и да се однесувате како да сте го добиле она за коешто сте сонувале. Иако можеби ви звучи неверојатно, овој метод навистина функционира!

Психолозите предупредуваат: Со овие реченици несвесно ја рушите среќата и самодовербата на детето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.