Психолозите предупредуваат: Со овие реченици несвесно ја рушите среќата и самодовербата на детето!

Правила за родителство

Добро размислете пред да го искритикувате детето, бидејќи некои зборови можат да остават сериозни последици на неговата самодоверба

Зборовите можат да повредат повеќе од што било друго, а особено можат да бидат лошо протолкувани доколку се упатени на дете. Постојат реченици што родителите никако не би смееле да ги користат. Со овие реченици само ќе ја нарушите самодовербата на детето, кое на крајот ќе порасне во несигурна личност.

Дури и ако се кажани како шега, можат да предизвикаат сериозни проблеми за време на созревањето. Добро размислете нареден пат пред да ги изговорите овие реченици…

„Премногу бурно реагираш“

Без разлика колку сте сигурни дека однесувањето на вашето дете е драматично, не треба тоа да го етикетирате така. Кога детето се обидува да ги изрази своите чувства, честопати не знае како да го направи тоа, па неговата реакција може да изгледа премногу бурна. Гледајќи ги своите родители, децата учат да управуваат со своите емоции. Ако децата пораснат во опкружување кое ги смета нивните чувства за неважни, ќе добијат чувство на пониска вредност.

„Не го мислиш тоа што го кажа“

Дури и ако детето ви упати реченица од типот „не те сакам“, или уште полошо „те мразам“, важно е да не ги отфрлате неговите чувства. Најлошото нешто што можете да го кажете во таква ситуација е дека детето не го мисли тоа навистина. Родителите имаат задача да го уважат чувството на детето, дури и кога не се согласуваат со него.

„Зошто не можеш да бидеш како брат ти/ сестра ти?“

Ривалството меѓу браќата и сестрите честопати е несвесно поттикнато од однесувањето на родителите. Постојаното нагласување на позитивните страни на едното дете наспроти негативното однесување на другото, може да доведе до ривалство, па дури и омраза помеѓу браќата и сестрите.

„Тоа што го правиш е глупаво“

Толку наивна фраза, а толку штетна по детската психа. Децата се склони да веруваат во сето она што им го кажуваат родителите, а истото важи и за овој случај. Ако на детето му повторувате дека е глупаво или дека некоја негова постапка е глупава, тоа ќе ви поверува на зборот и ќе порасне со верувањето дека секогаш греши.

Живот со родители перфекционисти: Еве кои 8 негативни и долготрајни последици им ги оставаат на децата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.