Какво е влијанието на ковид-19 врз репродукцијата?

Добро е да се знае

Интервју со д-р Владимир Трајковски

Д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист од центарот за плодност Newborn Clinic, ни ги одговори најчестите прашања поврзани со влијанието на ковид-19 врз репродукцијата.

Дали има сознанија или претпоставки за влијанието на ковид 19 на бременоста од самото зачнување па се до породувањето и потоа?

Одговарајки на ова прашање треба најнапред да се каже дека имунолошкиот систем кај трудницата како и впрочем целата физиологија е поинаква од онаа вон бременост. Тоа е многу широка тема. По однос на имунолошкиот систем познато е дека покажува намалена активност но тоа е само заради специфичниот однос мајка плод што не значи дека отпорноста кон инфекции е намалена.

Како и за сите вирусни инфекции а не само со ковид 19, нема зголемување на честотата на заболување кај трудниците во однос на другата популација. За тоа дали предизвикува малформации овој вирус треба прилично многу време и собирање на податоци од многу анализи. Веројатно се случува пренос од мајка кон плод како и кај инфекциите со други вируси. Според тоа ниту е исклучена но ниту е докажана можноста за влијание врз развојот на плодот и последиците од тоа затоа што е многу неиспитано тоа подрачје за разлика од другите вируси.

Дали појавата на пандемијата со ковид 19 ќе доведе до промени во протоколите на работа во центрите за вонтелесно оплодување?

Во работата на овие медицински центри аплицирани се сите препораки за работа во услови на зголемена опасност за пренос и заболување предизвикано од ковид 19. Тоа значи заштита и на персоналот и на паровите. Тестирање каде што е индицирано. Според резултатите од тестот адекватна натамошна постапка пак според препораките

По стабилизација на состојбата низ целиот свет потребно е да се анализираат податоците од центрите кои не престанаа да работат и оние кои ја запреа привременор работата а потоа продолжија. Станува збор за потреба од долг временски период во иднина и многу податоци.

Дали се развиени и постојат иновации во третманот на неплодноста или намалената плодност и кои од нив може да се аплицираат во нашите медицински установи?

Од аспект на иновации многу од нив се во почеток на развојот особено оние технологии кои подразбираат клеточна и генетска манипулацијасе со цел за програмиран развој во која и да е насока која ја посакуваме како научни и медицински работници и пациенти. Но, сепак се е во почеток.

Равиени се и веќе аплицирани модели на ткн вештачка интелигенција. Во последново не треба да се претерува зашто никој и ништо не може да не замени и да биде подобро од нас, туку да биде само помошна алатка во нашата работа и да продолшиме да се потпираме на нашата човечка перцепција, знаење и искуство. Некои ќе се спротивстават. Па да си го поставиме прашањето дали ние самите себе си воопшто комплетно сме си спознаени за да дозволиме еден несовршен програм да не води???

Скоро 99% од рутинските постапки што се работат секаде се работат и кај нас. Од она што треба максимално и адекватно индицирано да се аплицира се генетските анализи за што се потребни и средства и време барем кај нас но и пошироко. Се со цел да се постигне успех кај паровите со проблем со половите клетки и ембриони и без дополнителни фактори за неплодност. Исто така како чест и тешко надминлив проблем е имплантацијата и ендометриумот. И во таа насока потребна е апликација на најновите сознанија и техники.

На кратко кажано не заостануваме многу а потребно е само мало залагање и труд.

Кои се ваште препораки по однос на матичните клетки чие што колекционирање е популарно веќе подолг период?

Колекционирање и складирање на матични клетки според сите правни и етички правила е корисно. Тоа што насекаде се препорачува на идните родители за новите генерации е оправдано. И сето тоа да биде искористено по строги правни и етички норми.

Апликација во третман на болести и состојби засега е првенствено кај крвните болести и имунолошкиот систем. Во тек се студии во треман и на други полиња како што е онкологијата, ендокринологијата итн.

Најдобрите матични клетки се обезбедуваат од папочната врпца и феталната крв и као такви треба да се складираат. Може да се обезбедат и подоцна во животот но првите се најдобри.

Дали пандемијата значително и долгорочно ќе промени одредени аспекти во здравството па и пошироко?

Секако дека по овој настан ќе има промени. Треба да не направи повнимателни кон себе и другите исто како кон себе и во професијата и во приватниот живот. Поради фактот што потеклото на ковид 19 е сеуште предмет на бројни шпекулации значи дека се е и вистина и невистина. Поука е да се воведат строги норми и надзор во лабораториската работа на било кој субјект а сознанијата на здрваствените установи и работници за нови појави јавно и навремено да се презентираат со цел да се спречат далекусежни последици

Главна промена да биде потсетувањето дека сме луѓе ( а заборавивме и застранивме). Сега е време сите  да се однесуваме одговорно за себе и за другите.

ТЕКСТ: ПР

ФОТО: Васе Аманито

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.