Повеќето луѓе ги сонуваат овие соништа: Дали знаете што значат?

Иако сите го доживуваме светот на свој начин, ќе ве изненади тоа колку многу луѓе ги имаат истите соништа како и вие.

ЛУЃЕ ВО СОНИШТА

Бебе или дете

Тие во соништата најчесто претставуваат архетипска енергија на невиност. Ова значи дека сте отворени за нови искуства без претходно да се подготвите за нив.

Страшен човек

Ако некој во вашиот сон е страшен или црн во одредена област, има црни очи, исклучително црна и матна коса, или неговото присуство е магливо и пренесува темна енергија, носи очила или крие делови од телото, таа личност ги претставува вашите карактеристики што сакате да ги скриете.

Неделен хороскоп за периодот од 16 до 23 март

Мајчинска фигура

Ако сонувате за мајчинска фигура – вашата мајка, тетка, баба, наставничка – таа ја претставува божествената мајка. Овие соништа ви кажуваат дека не сте сами, туку поддржани и сакани.

Мудра личност

Мудар човек во соништата може да претстави секој што вие го сметате за мудар. Оваа личност претставува архетип на мудреците, што укажува дека постои некој што ќе ве води низ животот.

Маскирана личност

Ова се однесува на архетипот на Јунг на Персона. Овој сон е за начинот на кој се претставувате во јавноста, што најчесто се разликува од тоа што сте.

Смешна или чудна личност

Смешна, забавна или чудна личност е често манифестација на архетип на измамник. Ви покажува дека сè не е како што делува и дека треба да погледнете под површината за да разберете што точно се случува.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.