Повеќето луѓе ги сонуваат овие соништа: Дали знаете што значат?

Иако сите го доживуваме светот на свој начин, ќе ве изненади тоа колку многу луѓе ги имаат истите соништа како и вие.

ВООБИЧАЕНИ МЕСТА КОИ „ДОАЃААТВО СОНИШТАТА

Докторска ординација, болница

Овие соништа укажуваат на вашето физичко, емоционално, ментално и духовно здравје. Другите симболи во овој сон ќе ви кажат за кој аспект на здравјето станува збор во конкретниот сон.

Училиште

Овој сон ви кажува дека животот се обидува да ве научи нешто или дека треба да научите нешто.

Куќа

Куќите од соништата ве претставуваат вас самите. Обрнете внимание на просторијата за која сонувате да знаете за кој аспект на вашиот карактер станува збор.

– Спална соба – љубов и секс

– Трпезарија – напредок

– Кујна – здравје и диета

– Бања – чистење и прочистување

– Дневна соба – семејство и социјализација

– Ходник – зборува за промена

Прочитајте и: Кофеинот им го нарушува сонот само на луѓето што рано се будат?

Лифт

Ако сонувате дека сте во лифт  тој сон зборува за вашите аспирации и за насоката во која оди вашиот живот.

– Лифтот се искачува нагоре – целите кон нешто повисоко

– Лифтот се спушта надолу – вашите аспирации се помали од вашите опции

– Заглавени сте – се чувстувате заглавено во животот

– Лифтот не ве однел таму каде што посакувавте – имате чувство дека немате многу контрола над тоа што го добивате и што го сакате

– Заминување – можеби е време да си поставите нова цел

Темнина

Кога сонувате дека сте во подрум или во темнина, тоа е сон за вашите скриени делови. Овие соништа ви кажуваат кој дел од себе сте го отфрлиле и запоставиле или избрале да го игнорирате.

Црква или духовна локација

Овој сон ви ја кажува состојбата на вашата духовност.

Работно место

Ваквите соништа понекогаш можат да ви откријат дали треба да работите на нешто од вашиот живот, без разлика дали станува збор за кариера, врска или нешто друго.

Судница

Сонувањето на оваа локација може да ви каже дека имате чувство дека некој ве осудува или дека осудувате некого.

Хотел

Оваа локација ви наредува да одморите или да бидете подготвени за промена. Обрнете внимание на вашиот живот за да разберете за што станува збор.

Tекстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.