Повеќето луѓе ги сонуваат овие соништа: Дали знаете што значат?

Иако сите го доживуваме светот на свој начин, ќе ве изненади тоа колку многу луѓе ги имаат истите соништа како и вие.

Карл Јунг и другите пионери во толкувањето на соништата мислеа дека тие се полни со симболи и дека сите имаат свои значења. Откријте што ви кажува вашата потсвест.

ДЕСЕТ ВООБИЧАЕНИ ТЕМАТСКИ СИМБОЛИ

Вие сте голи или во долна облека во јавност

Ваквите соништа се поврзани со чувствата на ранливост. Покрај тоа, можат да кажат дека се срамите од нешто.

Возење – говори за вашето патување низ животот

– Ако вие сте возач, тогаш се чувствувате како да имате контрола врз вашиот живот

– Ако ви е тешко да го вртите воланот или да го држите вашето возило под контрола, тешко е да го насочите вашиот животен пат

– Ако друга личност е возачот, можеби имате чувство дека некој друг управува со вашиот живот

– Ако вашето возење е пријатно, се чувствувате добро во врска со насоката во која се движите

– Ако сопирачките не работат, може да се чувствувате како да ја губите контролата или како да се возите себеси кон ѕид

– Ако имате несреќа, тоа значи дека чувствувате дека вашиот живот се движи кон неизбежна катастрофа и дека треба да го промените правецот

Во училиште сте и не можете да го најдете своето одделение

Во една верзија на овој сон, најчесто сте во училиште и не знаете каде се училниците, а во друга или не сте присуствувале на часот кога се полагал тест или не сте учеле за тестот. Ова е вообичаен сон за вознемиреност што зборува за вашиот сегашен живот на возрасна личност. Обично тоа е сон кога се нервирате за нешто.

Летање

Кога летате во сон, тоа значи дека сте фокусирани да стигнете до вашата дестинација на кој било начин, или дека сакате да ги гледате работите од различна перспектива.

Неисправен технолошки уред

Овие соништа се однесуваат на комуникацијата. Можеби се чувствувате како да не разбирате што некој се обидува да ви пренесе или сте се изразиле погрешно.

Прочитајте и: Топли бањи за мирни соништа

Бременост

Соништата за бременост означуваат креативност и нови почетоци.

Паѓање

Ако сонувате дека паѓате значи дека се чувствувате како да губите контрола или се чувствувате вознемирени за нешто.

Изгубено или украдено возило

Ако не можете да го пронајдете вашето возило или во вашиот сон тоа е украдено, веројатно се чувствувате изгубено во животот.

Наоѓање на богатство

Овој сон означува дека има нешто што вреди да се открива во вас.

Смрт

Соништата за смрт се страшни, но повеќето од нив не ја предвидуваат вашата или нечија смрт. Тие зборуваат за тоа дека сте подготвени да заврши еден дел од вашиот живот и да преминате кон нешто ново.

Tекстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.