Модел што освојува на прв поглед: Овој крој на блуза ќе доминира на модната сцена пролетва!

Во тренд

Акцентот оваа сезона е на ракавите

Модата инспирирана од 80-тите години е многу актуелна во последно време, па така, често можеме да видиме маици и кошули со нагласени рамена. Со оглед на тоа што секој тренд доживува мали измени при враќањето, така акцентот од рамената се префрлил на ракавите.

Оваа сезона ќе бидат актуелни блузи со впечатливи, предимензионирани ракави.

https://www.instagram.com/p/B7mHLe2n9t_/?utm_source=ig_embed

Може да ги најдете во речиси секоја продавница. Добро стојат со фармерки, панталони, но и со здолништа. Одличен избор се за некоја посвечена пригода или настан на кој сакате да го привлечете сето внимание.

Овој модел ќе го обожаваат храбрите и смели жени што не се плашат да бидат забележани и да експериментираат со модата.

Ставаме акцент на блузите со драматично скроени ракави. Модните експерти советуваат да ги носите во комбинација со едноставни парчиња и без премногу модни додатоци, за да не преминете од шик во кич. Овие блузи се доволно впечатливи сами по себе.

Сите нијанси на сино! Погледнете што уште е во тренд пролетва!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.