Поука што треба да се запомни: Водел бурен живот, имал многу пари, но на смртната постела побарал само едно нешто!

Секој треба да прочита!

Кога ќе помислите дека парите се сѐ во животот, сетете се на оваа приказна

Еден богат човек бил на смртна постела, кога дошол да го посети ангелот на смртта. Тој работел долго и напорно за да стекне огромно богатство и да живее во луксуз, па не можел да поверува дека неговото време истекло…

Со оглед на тоа што бил богат, одлучил да купи уште малку време од ангелот на смртта. Долго преговарале, но ангелот не сакал ништо. Очајниот богаташ му го дал својот предлог на ангелот:

„Дај ми само уште еден час живот, за да можам да ѝ се восхитувам на убавината на оваа земја последен пат и за да можам да поминам време со своето семејство кое долго го немам видено и ќе ти го дадам сето мое богатство.“

Но ангелот повторно одбил! Конечно, човекот само уште еднаш прашал дали може да добие само една минути за да напише проштална порака. Неговата желба била исполнета и тој ја напишал пораката:

„Поминувајте го времето што ви е дадено на вистинскиот начин. Не можев да купам ни еден час време со моето богатство! Слушајте го своето срце и уверете се дека работите што ве опкружуваат има вистинска вредност, негувајте ја секоја минута од вашето време.“

Деновите минуваат, а повеќето од нас јурат по пари и материјални работи, и во тоа јурење, забораваме да уживаме во работите што го прават животот поубав. Забораваме дека суштината на животот ја прават семејството и малите радости, уживањето во убавото време и во природата. Кафето со пријателите и насмевката. Тоа е она што е важно. Парите на крајот никому не му помогнале да купи вистинска среќа и здравје.

Додека чекориме по оваа планета, да се обидеме секој ден да го искористиме максимално, уживајќи во нештата кои навистина вредат.

Приказна што ќе ве разнежи: 78 години се најдобри пријателки, ниту старечкиот дом не успеал да ги раздели!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.