Трикови на професионални фризери: Еве како да го сочувате сјајот и бојата на бојосаната коса во текот на летото

Совет на експерти

Сончевите зраци, топлината, сето тоа влијае лошо врз состојбата на косата – за среќа, со овие трикови таа ќе биде негувана и сјајна и во текот на летните месеци

Секоја жена сака убава, сјајна и негувана коса, но летните услови можат да го нарушат нејзиниот изглед. Сончевите зраци ја сушат косата, а поради честото миење, таа ја губи бојата.

Еве како да ја заштитите бојосаната коса…

Зголемете го хидрирањето

За да ја намалите штетата предизвикана со сончевите зраци, нанесувајте што почесто маска за коса. Тие продираат длабоко во косата и ја прават посјајна.

Мијте ја косата со ладна вода

Најдобро е да ја миете косата со ладна или со млака вода. Исто така, можете да набавите и посебни филтери за туш, кои ќе ги задржат сите штетни материи од водата, кои исто така влијаат врз зголеменото измивање на бојата.

Заштита од штетни УВ-зраци

Кога сонцето ќе дојде во допир со бојата на косата, доаѓа до процес на оксидација, кој влијае врз губењето на бојата. Кога сте надвор, користете препарати за заштита на косата и задолжително носете шешир.

Користете колор шампони

Честото бојосување не е добро за косата, но затоа можете да користите колор шампони. Тие ќе ја обноват бојата, а притоа нема да ја оштетат косата.

Како да се спасите од испуканите (расцветани) врвови на вашата коса
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.