Домашниот песто-сос е вистински деликатес: Лесно, брзо и вкусно, а применливо на 100 начини!

Дава посебен шмек

Песто-сосот е незаменлив додаток на паста, тортилји, топли сендвичи, како и додаток во месо, разни салати и што уште не…

Како што сигурно знаете, песто-сосот е вистинска ѕвезда на италијанската кујна. Овој феноменален сос на база на босилек има освежувачки вкус и се користи во безброј варијации при приготвувањето храна, на која секогаш ѝ дава посебен шмек.

Состојки:
  • 1 шолја свеж босилек, што повеќе иситнет
  • 2/3 шолја иситнети пињоли (можете да ги замените и со бадеми или индиски ореви)
  • 3 супени лажици рендан пармезан
  • 2 чешниња иситнет лук
  • 1 кафена лажица лимонов сок
  • малку магдонос
  • маслиново масло
  • морска сол
Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте ги. Внимавајте на количината на маслиново масло – тоа ќе ја одреди густината на песто-сосот. Секако, сосот не смее да биде сув, но внимавајте и да не претерате со маслиновото масло за да не биде премногу редок.

Песто-сосот можете да го чувате во тегличка до 4 дена во фрижидер, а за подолг период, треба да го замрзнете.

Добар апетит!

Кој сос оди со кои тестенини: Вака секогаш ќе ви бидат совршени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.