Менито што придонесе Ана Николиќ да ослаби 50 килограми

Еве што јаде речиси секој ден

Ана Николиќ од самото појавување на музичката сцена важи за секс-симбол, меѓутоа, за време на бременоста со ќерка си Тара, доста се здебели, а како што самата откри во едно интервју, во еден миг тежела 100 килограми.

Меѓутоа, по раѓањето на Тара, пејачката долго време не можеше да ослаби. Затоа речиси и не се појавуваше во јавноста, ги избегнуваше настаните, а блиските пријатели откриваат дека била и многу несреќна и тажна поради изгледот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Во меѓувреме се разведе со сопругот Стефан Ѓуриќ Раста, и токму кога сите помислија дека го допрела дното, таа одлучи да стане, да се исправи и упати повторно кон врвот.

Благодарение на макотрпните и секојдневни вежби и строгиот режим на исхрана до кој и денес се придржува, Ана успеа да се ослободи од вишокот. Многумина велат дека сега е послаба дури од пред бременоста, а во една пригода поп-пејачката откри дека симнала дури 50 килограми.

Ова е мојата тајна за слабеењето. Прво и најбитно е да се внесува многу течност. Јас наутро штом станам пијам две чаши вода, некогаш и со малку лимон во нив. Потоа често појадувам јајце на око и домат или некој друг зеленчук. Некогаш јадам и само свежа салата со корнфлекс. За ручек јадам само бело месо или риба со зеленчук. Од слаткото се откажав, а понекогаш, кога ќе ми падне шеќерот, јадам само една лажица еурокрем“, раскажа таа.

 Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.